Јелена Карлеуша и ќерките беа евакуирани од хотелот во Бодрум заради пожар – снимки од огнената стихија (видео)
- Детали
- петок, 30 јули 2021
„Кога одморот ќе тргне на лошо... Предолго траеше лудилото, децата многу беа исплашени“ – Јелена Карлеуша за пожарот кој ги затекна на одморот во Бодрум со двете ќерки, заради што беа евакуирани со чамец од луксузниот ресорт во кој престојувале.
Турција деновиве ја зафатија пожари, а моментално Јелена Карлеуша престојува во Бодрум заедно со нејзините две ќерки, па одморот не им тргна како што очекуваа.
Шумскиот пожар се проширил и на хотелот Титаник, каде што била сместена пејачката заедно со нејзините две ќерки Атина и Ника Тошиќ, по што веднаш биле евакуирани.
На видео снимката што таа ја објави на Инстаграм се гледа како луксузниот хотел каде што тие престојувале гори во позадина, а таа заедно со нејзините две ќерки се евакуирани заедно со другите гости во чамец на вода.
https://www.instagram.com/p/CR6uJKyHFF6/?utm_source=ig_web_copy_link
Во гаснењето на пожарот како што јавуваат турските медиуми учествувале два хеликоптери и уште 20-тина возила на противпожарната служба.
Инаку, властите веднаш штом забележале дека пожарите се приближуваат до луксузното одморалиште, веднаш побарале сите гости и вработени да бидат евакуирани. Повеќето гости направиле видео снимки од пожарот и ги објавиле на социјалните мрежи.
Погледнете дел од нив:
https://www.instagram.com/p/CR62VulFdN7/?utm_source=ig_web_copy_link
Јелена Карлеуша објави повеќе видеа на Инстаграм Стори, а на последната објава напиша:
„Ова беше мошне стресен и напорен ден. Предолго траеше целото лудило овде. Децата многу се исплашија... Конечно оганот е ставен под контрола без разлика на тоа што не е изгаснато сè (се надевам дека ноќта ќе биде мирна). Давам поддршка и љубов за турските пожарникари“.“
Б. С. Б. | Црнобело