Јелена Ѓоковиќ: „Порано сакав да се натпреварувам со Новак, сега тој ми е трето дете“

„Мора да научиме прво да се грижиме за себеси, за потоа да можеме да се грижиме за другите. Порано се натпреварував со Новак, а сега сум посветена на децата и сопругот е како мое дете“ – признава Јелена Ѓоковиќ во интервју за story.rs.

Jelena-Gjokovikj-porano-sakav-da-se-natprevaruvam-so-Novak-sega-sum-posvetena-na-decata-soprugot-mi-e-treto-dete-01.jpg

Ја знаеме како сопруга на најпознатиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а сега говори за сите предизвици и проблеми со коишто се соочува како неговата поубава половина. Таа вели дека секоја препрека со којашто ќе се соочиме само нè прави посилни.

Како што вели и таа и Новак се мошне страсни личности поради што често имаат несогласувања. Вели дека во моментов е посветена на мајчинството, а нејзиниот сопруг сака да остане активен:

„Тој сака да патува, да прави сè и сешто, а јас морам да го предупредам дека имаме две деца и дека мора да се приспособиме“ – вели Јелена во интервју за story.rs.

Таа вели дека не сака да прави нешта само затоа што мора да ги прави и затоа што нема избор. Посочува дека сега работи на сопственото тело затоа што сака да има енергија за да живее со насмевка и со цел.

„За Новак научив дека е сјаен во водењето сметка за себеси. Некогаш мислев дека тоа е себично, а сега сфаќам дека не е, дека тоа сите треба да го правиме. Уште учам како да водам сметка за себеси. Дури откако ќе се погрижиме за себеси имаме што да им понудиме на другите“ – вели таа.

Јелена заврши високо образование во Италија, а потоа се стекна и со магистратура и докторат во Монако. Таа и Новак се во брак од 2014-тата година, а заедно имаат две деца, синот Стефан и ќерката Тара.

Јелена во интервју за Story.rs отворено признава дека имало период кога отворено се натпреварувала со сопругот:

„Ќе биде храбро од мене ова да го кажам пред милиони луѓе, но се обидував да се натпреварувам со Ноле. Сметав дека не го добивам соодветното признание што го заслужувам, дека мојот труд не се гледа затоа што сè се одвиваше зад сцената. Сè што правев беше невидливо“ – вели таа и додава дека жените немаат простор да проговорат, да се покажат и дека постои стереотип за сопругите на спортистите, за тоа како треба да изгледаат и да се однесуваат.

Таа вели дека во минатото ја болело тоа што била прифатена само како негова сопруга, а сега е горда на тоа и целата сила и енергија ја вложила на одгледувањето на нивните две деца.

„Целата сила ја вложив на одгледувањето на нив двајца. Посветена сум на малечките и им се давам во целост и Ноле е како мое дете, бара многу внимание. Имам полни раце работа, мислам дека повеќе од тоа не ми треба“ – вели таа.

Дополнително, Јелена додава дека во целост го разбира сопругот дека пропуштил многу од одгледувањето на децата и дека најверојатно ќе бара уште едно дете кога ќе заврши со кариерата и дека нема да каже не.

За проблемите во бракот и за тоа како е да се биде сопруга на најдобриот тенисер во светот Јелена говореше и неодамна во гостувањето во емисијата „Šta sam tebi i ko sam sebi“ на К1 телевизија.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg