Родители од Хрватска јавно се откажале од синот и снаата преку весник: „Тие не постојат повеќе за нас“
- Детали
- петок, 19 март 2021
Крунослава и Фрањо Шимповиќ од Хлебин, Подравина, одлучиле јавно да се откажат од својот 45-годишен син, пишува Подравски лист.
Фото: Podravski list
Четири години, посочуваат тие, нивниот син не бил во Хлебин и бидејќи внуците почнале да избегнуваат контакт со нив, тие одлучиле старата народна изрека „Ќе те отпишам преку весник“ да ја претворат во акција.
„Ние јавно се одрекуваме од нашиот син и тој, заедно со својата снаа, едноставно повеќе не постојат за нас. Ќе сториме сè што е можно законски да го избришеме како наш син“, објавиле родителите.
„Дури и кога беше студент, тој нè навредуваше, особено мене. Бевме добри за него само кога му требаа пари. Ситуацијата се влоши откако тој се ожени. Во првите три години од бракот, нашата снаа беше добра, а после тоа сè се сврте за 180 степени и стануваше сè полошо и полошо“, изјавила Крунослава.
Секој повик во последните четири години, тврди таа, завршувал со тешки навреди од страна на синот, и кога и да се обиделе да стапат во контакт со нив, тој и неговата сопруга правеле сè што можат за бабата и дедото да не ги гледаат внуците.
Фото: Podravski list
„Нашите внуци нè обожаваат затоа што ги носевме насекаде и тие уживаа додека поминуваа време со нас. Синот и снаата дури и измислија дека живееме во Америка, па се обидоа да нè разделат од внуците. Никогаш не ни се јавуваа во последните четири години. Често пати тој не одговараше на нашите повици. Ми кажа сè и ме навреди толку многу што плачев цел ден“, се пожалила мајката.
Сега, кога веќе немаат пари, нагласува Крунослава, и кога, како што веруваат, синот понекогаш треба да се грижи за нив, тој ги избегнува. „Целосно сме скршени и немаме друг избор освен да се откажеме од синот и снаата преку весниците“, заклучила Крунослава.
Синот одбил да го коментира потегот на родителите. „За мене е малку смешно и секој друг коментар во врска со изјавите на моите родители е излишен“, рекол тој.
Што мислите вие за сета оваа семејна драма?
(О)Милена | Црнобело / Фото: Podravski list