Живее скромно со татко ѝ, прабаба ѝ се спасила од логорот – Девојчето кое ја глуми хероината во српскиот филм Dara iz Jasenovca

„Се плашев кога се мачеа и убиваа луѓе на снимањето, иако знаев дека не е реално. Најтешка сцена ми беше со помалиот брат...“ – изјавува Билјана Цекиќ, 13-годишното девојче кое се прослави во „Дара из Јасеновца“, филмот кој го „крена регионот на нозе“.

zhivee-skromno-so-tatko-i-prababa-i-se-spasila-od-logorot-devojcheto-koe-ja-glumi-heroinata-od-srpskiot-film-dare-iz-jasenovca-01.jpg

Дара из Јасеновца е српски филм кој го прикажува страдањето на Србите, Евреите и Ромите во логорот Јасеновац, за време на Втората светска војна.

Ова е прв српски филм кој се фокусира на оваа тема и сурово ги доловува сцените во еден од страшните концентрациони логори во историјата.

Филмот наиде на позитивни, но и на многу негативни критики од стручните критичари, со објаснување дека се шири националистичка и антихрватска пропаганда, како и дека атмосферата на пеколот не се постигнува со брутални сцени на насилство и со дивјачки испади на злосторниците.

zhivee-skromno-so-tatko-i-prababa-i-se-spasila-od-logorot-devojcheto-koe-ja-glumi-heroinata-od-srpskiot-film-dare-iz-jasenovca-4.jpg
сцена од филмот

Сепак, не може да се одрече дека 13-годишната Билјана Цекиќ, која нема никакво актерско искуство, маестрално ја одигра улогата на Дара, главната хероина во филмот Дара од Јасеновац, кој беше во трка за Оскар и Златен глобус, но не се најде во потесниот круг на избор.

zhivee-skromno-so-tatko-i-prababa-i-se-spasila-od-logorot-devojcheto-koe-ja-glumi-heroinata-od-srpskiot-film-dare-iz-jasenovca-3.jpegсцена од филмот

Таа е воодушевена од тоа како се снашла во улогата, но и од позитивните критики од публиката, а за српските медиуми изјавила дека сака актерството да стане нејзина професија, бидејќи ѝ се допаднало снимањето на филм и начинот на живот на големите актерски имиња со кои се најде рамо до рамо.

Во филмот се прикажува судбината на Дара, а девојчето признава дека имало моменти кои ѝ биле тешки на снимањето:

„Сцените кога се пука, кога се мачат и убиваат луѓе и деца во логорот се престрашни, како и сценографијата во која снимавме. Знаеш дека тоа не се случува вистински, но сепак се плашиш, бидејќи знаеш дека тие злосторства над народот навистина се случиле.

Дара во логорот остана сама со братот и тоа не беше лесно да се одигра. Најтешко ми беше да ја одглумам сцената кога го држев во мене најмалиот брат и му кажував дека го сакам. Тоа ми беше многу емотивно, бидејќи и јас би направила сѐ за најмилите и тука е сличноста помеѓу мене и Дара“ – изјавува Билјана за српските медиуми.

Сепак, и во реалноста, девојчето нема лесен живот - живее скромно со нејзиниот татко, сестра, брат и нејзините баба и дедо во куќа на село, а според српските медиуми, нејзината мајка ги напуштила пред 6 години.

И покрај тоа што била ангажирана за филмот и маестрално ја одигра улогата, Билјана не ги запоставила училишните обврски.

Семејството живее скромно, домот им е исполнет со икони и семејна топлина, а татко ѝ, бабата и дедото ѝ пружаат голема љубов и поддршка.

zhivee-skromno-so-tatko-i-prababa-i-se-spasila-od-logorot-devojcheto-koe-ja-glumi-heroinata-od-srpskiot-film-dare-iz-jasenovca-7.jpgфото извор

Таткото на Билјана, Радован Цекиќ, за српските медиуми изјавил дека сам се грижи за своите деца и се бори колку што може.

„Тешко се живее. Работам деноноќно во дрвна индустрија за да успеам да школувам три деца и да ги изнесам на вистинскиот пат. Молам Бога да ме послужи здравјето.“

Претходно, Радован има изјавено дека неговата баба со останати членови од семејството биле дел од страшниот логор во Јасеновац.

„Мојата баба со уште 9 роднини беше во колоната за Јасеновац. Таа преживеа, останатите не. Таа имала среќа да се спаси, а иако поминаа 75 години, сеќавањата на злосторствата се уште живи. Затоа ми е драго што мојата ќерка Билјана добро ја изнесе главната улога.“

Го изгледавте ли филмот? Какви се вашите ставови? Доколку не сте го гледале, предупредуваме на вознемирувачка содржина. 

zhivee-skromno-so-tatko-i-prababa-i-se-spasila-od-logorot-devojcheto-koe-ja-glumi-heroinata-od-srpskiot-film-dare-iz-jasenovca-08.jpgсцена од филмот

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Татко ѝ играше во документарец за српската мафија, беше осуден на затвор – Која е новата Мис Србија,... Татко ѝ играл со Кристијан Голубовиќ во документарецот за српската мафија од 90-...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
„Татко ми ми рече дека сум психопат – сакав сите така да ме помнат“ – Сведочење на детето-убиец од „... „Не сакав полицијата да ме убие“ – Детето-убиец од „Рибникар“ вчера четири часа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg