Атина е магична и кога е покриена со снег – првпат толку снег по 13 години, а граѓаните уживаат и скијаат (фото+видео)
- Детали
- среда, 17 февруари 2021
Сообраќајот и нормалното функционирање по улиците на Атина се отежнати, но тоа не ги спречува граѓаните да уживаат во снегот кој не направил ваква снежна покривка во градот можеби 13 години.
фото: Инстаграм - Monuments of Greece / The Guardian
Атина е дефинитивно град кој изгледа магично во секое годишно време, но ретко имаме шанса да го видиме покриен со снег.
Акропол, плажите, плоштадот, дрвјата и улиците се под снежна покривка, а граѓаните, иако им се советува да не излегуваат од домовите заради отежнатите временски услови, сепак не пропуштаат да уживаат во снежни игри.
фото: The Guardian
фото: The Guardian
Некои од нив скијаат по ридовите на Атина (како норвешкиот амбасадор на видеото од Твитер), други шетаат по костим за капење на плажите, се прават и Снешковци, а некои граѓани не се откажуваат од спортските активности и покрај отежнатите услови.
фото: The Guardian
?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1361650167787716612%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.bbc.com%2Fnews%2Fworld-europe-56089815
Секако, покрај оние кои уживаат во снегот, има и такви кои се соочувааат со тешкотии, па локалната полиција добива многу повици од луѓе кои се заглавени во домовите или автомобилите од снегот, а во некои делови граѓаните на Атина останаа без струја.
фото: The Guardian
Вакви снежни временски услови не се карактеристични за Атина, a метеоролозите и жителите велат дека ваков снег немало од 2008-ма.
Фотографии од Атина под снежна покривка:
фото: The Guardian
фото: The Guardian
фото: The Guardian
фото: The Guardian
фото: The Guardian
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





