„За 60 секунди бев облечена и надвор“ – Јелена Јованова за силниот земјотрес кој ја погоди Хрватска утрово

„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок!“ – напиша актерката Јелена, која живее во Загреб, откако утринава (28.12.2020), Сисак и Петриња беа погодени од силни земјотреси од 5 степени по Рихтер, кои беа почувствувани и во Загреб и околината.

za-60-sekundi-bev-oblechena-i-nadvor-jelena-jovanova-za-silniot-zemjotres-koj-ja-pogodi-hrvatska-utrovo-01.jpgфото: Фејсбук Јелена Јованова/Инстаграм nova.tv

Хрватите во околината на Сисак, Петриња и Загреб беа разбудени утрово во 6.28 часот од силен земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер, по кој следеше уште еден од 5 степени во 7.49 часот со епицентар во околината на Сисак, а во меѓувреме се забележани и неколку послаби потреси, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

„Боже, не пак“, „Беше ужасно“, „Никогаш не сме почувствувале вакво нешто“, се само дел од коментарите на официјалната страна на ЕМСЦ и на социјалните мрежи, откако Хрватска беше погодена со силен земјотрес кој бил почувствуван во повеќе градови и села, a жителите веднаш се нашле на улиците.

Инаку, во март годинава, Загреб беше погоден од силен земјотрес од 5.3 степени според Рихтер, кој предизвика голема паника кај граѓаните, а војници и навивачи им помагаа на родилките и бебињата кои беа на улица.

Засега, хрватските медиуми известуваат дека нема настрадани од декемвриските потреси, но има нанесена штета и урнатини во градовите, паднати се фасади и има оштетени автомобили.

На социјалните мрежи се објавуваат фотки од градовите по земјотресот кој утринава ја погоди Хрватска:

Нашата актерка Јелена Јованова, која живее во Загреб, се огласи на социјалните мрежи по утринскиот земјотрес.

„За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок! Браво ја! Значи доста е! Доста! П.С. Добро сме! Фала ви луѓе!“

?__cft__[0]=AZUCFvolP4IKmWLquNSPjwrwNt-zuX4f2zGTT79QJjl11DcFY6cGKk5VyWQgyDyqnWZ2oco5xRq_n4-phsDzzduybT6s4bCUHf7Tq12s7Jl03YTAwoeB-7ZJgmIyeBrEfs8&__tn__=%2CO%2CP-R

 М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не паничев“ - Девојка од Хрватска се пожали дека ја каснала ајкула на одмор на Малдиви (фото) „Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера. Се при...
Хит дедото од Хрватска: „Мажот треба да е 10 години помлад од жената, а не обратно“ „Разликата во години не е добра, а ако има, тогаш мажот треба да биде дури и 10 ...
Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео) Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на ...
Првиот сопруг го промени идентитетот и побегна во САД – Бурниот љубовен живот на пејачаката Индира Л... По низата скандали и малверзации го остави првиот сопруг, а тој побегна во САД с...
Српски туристи снимиле необична магла на плажа на Лефкада – Знаете ли за што се работи? „Појавата траеше околу половина час“ – велат српските туристи кои го споделија в...
„И двајцата блескате“ – 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски објави нови фотографии од одм... „Ти си победник. Добродетел. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател“ –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg