Србинка без раце живее со полн здив, освојува први места и има партнер што ја сака до небото (фото)
- Детали
- четврток, 23 јули 2020
Насмеана, позитивна, успешна и вљубена... Дејана Бачко е девојка за која само небото е граница.
Дејана Бачко е девојка без раце, која на Инстаграм е потпишана како „девојка со крилја“ и има повеќе од 36.000 следбеници.
Родена е 1994 година во Нови Сад без горни екстремитети. Насмеана е, оптимистична и му се радува на животот. Taa e вљубеник во уметноста, но и спортот.
Таа е токму таква затоа што не дозволува физичката попреченост да ја спречи да си ги реализира соништата.
Дејана има освоено први места на параолимпијадата на теквондо на европско и светско ниво, плива, нурка, има партнер кој ја сака до небото, патува и му се радува на животот.
Нејзина цел е да ги инспирира другите дека сѐ е возможно.
Запознајте ја оваа прекрасна девојка: