Коњаница и пендреци на народ, камења и факли на полиција – Бруталните протести во Србија низ фотки и видеа
- Детали
- четврток, 09 јули 2020
Бурните протести кои пред 2 дена започнаа во Белград, се проширија и во другите градови, а ситуацијата ескалираше со растерување демонстранти со коњаница, тепање со пендреци дури и невин народ, но и повредени полицајци од страна на демонстрантите.
На 7 јули, по најавата за викенд полициски час, граѓаните на Белград револтирани од одлуката на претседателот и Кризниот штаб, излегоа пред Собранието и накратко успеаја да влезат внатре, но брзо беа изнесени. Протестот продолжи пред Собранието, каде се насобра огромна маса народ кој револтирано протестираше поради целата ситуација со корона вирусот во земјата и погрешно носените одлуки.
https://www.facebook.com/malagurski/videos/2591382314447546/?__xts__%5B0%5D=68.ARBq2PzXOtdiYjcWb8Bnvn7XEIluU7nrNnIYnJwiMLfz8Iqp_t9G51GwfnsLja1yQd6_Jll0O50i3A82PPN8wssJlVXRWEHh9jfMfA0n2r1f_PBTiMyA8hAedKY9CavEcSzpec591v1ZoEYfbMpJBFwJmfsTmX_gqspy2MScuej6TXsLNF-iH6SqdZ7Q92Z1uHj1yNc_TnvaJ08LHQKtHR07IZhWruUzP30ZJTXtLoXHSF-u1rnr2vhYArLwkPsmu7hfq9_Fr6V3S3pr19Lm8jCJuUBbr2-24PzIrRq83WJmIwkxQEBYR3bCI6i-Mu-STDII2O0Ns1es28auXjDTVXukRV56eL-0opzXqQ&__tn__=-R
Полицијата се обиде да ги растера со солзавци, но набрзо народот почна да ги враќа солзавците кај нив, а дел од демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, па веднаш потоа полицијата доби засилување од специјални антитерористички единици, како и од коњаница и полициски кучиња.
Протестот траеше до доцна во ноќта и демонстрантите беа упорни, а полицијата во подоцнежните часови почна да ги употребува пендреците, дури и на невин народ, според некои снимки.
https://www.facebook.com/malagurski/videos/196725468432732/?__xts__%5B0%5D=68.ARBZ0W1OW9kdqxXTfxz55uMOOWHvFxvpqVYQKZPExzvfAI0wFitwZfsL2SZSM_w1q-mV1ED-ZxKa20_VtY8figLif2QjA3nHKeYyG00jpm41ADocxuaY0MNUuzhHd-ssPBJmZvR3jVw9OP-4F3zE4Zi5ptGwBcMvcFa03DQyebCVil0xKZPa40qYffW6iE73czc3yvZ56J4FCcr1FCa1iBjm47lr2cotnJi4sonYYOhoSB3a2BmxCGMwT9fTOSkUrqWHQlXWItg9q28w6F520nqTxDjcTf2IAhFlLNVoJYcyrfYJGLKD0bu7zuOseQBlOJIKPIMhyvbWs_3a9ZKrH6kj-PUtBY9pLMxbKw&__tn__=-R
На 8 јули, демонстрантите беа поорганизирани и повторно ги започнаа протестите во 18 часот, но овојпат се проширија и во другите градови.
Протестите посебно во Белград и Нови Сад набрзо станаа брутални, а полицијата не остана мирна на тоа што демонстрантите ја напаѓаа со камења, факли, па дури и солзавец, и набрзо потоа почна да употребува сила врз демонстрантите.
Конфликтите помеѓу полицијата и демонстрантите се префрлиле на неколку улици, каде биле бркани и растерувани со помош на јуриш од коњаница и засилување од специјални единици, а на крајот се повредени 17 демонстранти и 19 полицајци.
https://www.facebook.com/watch/?v=894191757756256