Ученик од Србија: Како го поминав летниот распуст? Не е ваша работа, наставничке!
- Детали
- среда, 05 септември 2018
Почетокот на секоја учебна година стандардно се обележува со познатиот состав: Како го поминав летниот распуст?
И додека дечињата се обидуваат да оформат рими од типот на „пчелите одеа од цвет на цвет и собираа сладок мед“, еден мал ученик од Србија решил да напише малку поинаков состав.
„Како го поминав летниот распуст – не треба никој да го интересира. Тоа е моја лична работа, како што е и летото – мое лично време за одмор и не морам никому да му се објаснувам во овој состав.
Треба да се почитуваат човековите права! Ако добијам единица за овој состав, тогаш драга моја наставничке, ќе се видиме во Судот за човекови права во Стразбур.
Ќе добиете повик од нив, а јас веќе ќе бидам таму поради друга работа. Што повторно – е моја лична работа и никого не би требало да го интересира“, завршува креативниот ученик во кусиот, но впечатлив состав.
„Kako sam proveo raspust - nikoga ne treba da zanima. Ovo je moja lična stvar, kao što je i leto – moje lično vreme za...
-->-->Posted by Јелена Д. Доцић Симић on Sunday, September 2, 2018
(О)Милена | Црнобело