Бајковитото место на кое Теа Таировиќ денес ќе прави свадба - парот пристигна таму (фото)
- Детали
- четврток, 24 април 2025
Теа Таировиќ, на совозачкото седиште во автомобилот управуван од нејзиниот избраник Иван, пристигна во местото каде ќе се одржи нејзината бајковита свадба. Како изгледа локалот во Нови Сад, кој пејачката го избра?
Пејачката Теа Таировиќ денес (24.04) ќе го изговори судбоносното „да“ на својот избраник Иван, а венчавката ќе се одржи во луксузниот ресторан „Baron Castel“ во Нови Сад.
Српските медиуми веќе се наоѓаат пред бајковитото здание каде што Теа исто така веќе пристигна со својот избраник.
На фотографиите направени од српските медиуми се гледа дека Иван го вози автомобилот, а таа седи на совозачкото седиште.
Поради желбата венчавката да помине без присуство на медиуми и несакани погледи, Теа ангажирала приватно обезбедување, кое се наоѓа на самиот влез во замокот.
Повеќе членови на обезбедувањето внимателно ќе го следат секое движење, за да се осигури дека на свадбата ќе присуствуваат само поканетите гости.
Се очекува гламурозна прослава, а наводно само за уредување на масата на младенците се платени 5.000 евра, додека целокупното уредување на просторот чинело 30.000 евра.
Во „Baron Castel“ може да се ужива во убавините под отвореното небо и во природата, а истовремено да имате на располагање елегантен внатрешен простор.
Со бели столчиња и декорации, изгледа како сцена од бајка.
Погледнете го бајковитото место на кое Теа ќе прави свадба:
Прочитајте и Jа запросил во Дубаи, некогаш ѝ бил обезбедување: Теа Таировиќ (29) ќе прави свадба со саканиот Иван - со венчаница од 18.000 евра
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





