Вељко Ражнатовиќ, кој го замени Белград со живот на село, му прослави роденден на синот во вилата на Цеца (видео)
- Детали
- четврток, 24 април 2025
Вељко Ражнатовиќ наместо на луксуз во вилата на Дедиње, каде овој пат славеа роденден на Крстан, своите синови ги учи на живот на село, работа на фарма и веќе двајца од нив запиша во државната градинка во Тител. Toj има три сина - Жељко (5), Крстан (2) и Исаија (1).
Вељко и Богдана Ражнатовиќ го прославија вториот роденден на синот Крстан во кругот на семејството и најблиските пријатели и тоа во вилата на Цеца, која се наоѓа на Дедиње.
Дедиње е елитна населба во Белград, која се наоѓа на јужниот дел на градот и позната е по тоа што таму живеат бројни јавни личности, политичари, бизнисмени итн.
Во Дедиње се наоѓаат многу луксузни вили, резиденции, амбасади, како и значајни објекти како Музејот на Југославија и Куќата на цвеќето (местото каде што е погребан Јосип Броз Тито).
Дедиње е симбол на престиж и богатство во Србија, па затоа многу јавни личности имаат вили таму, а меѓу нив е и Цеца. Но, нејзиниот син Вељко повеќе не живее со неа таму.
Инаку, видеа од интимната прослава за роденденот на Крстан објави Богдана на својот Инстаграм профил.
Богдана го држи Крстан во прегратка додека сите пеат роденденската песна, а, пак, Вељко го носи синот Исаија на рамената.
Крстан имаше роденденска торта на два ката, украсена со мотиви од животинското царство и прскалки.
За оваа пригода, Богдана избра едноставна, но елегантна комбинација, додека Вељко беше лежерно облечен, во својот препознатлив стил.
Парот повторно покажа колку им значи семејната атмосфера.
Инаку, Вељко и Богдана животот во Белград го заменија со живот на село и таму уживаат во семејната идила со трите деца.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





