Jа запросил во Дубаи, некогаш ѝ бил обезбедување: Теа Таировиќ (29) ќе прави свадба со саканиот Иван - со венчаница од 18.000 евра

Tea неодамна за магазинот „Blic“ изјави дека е среќна во љубовта, но дека генерално немала многу среќа со мажите.

„Јас секогаш бев убедена дека знам да проценам, дека сè знам за секој, но не е така. Има луѓе што цел живот се занимаваат со тоа - лажат, се претставуваат како некој што не се, а кога си млад лесно паѓаш на тоа.

Толку пати сум била изневерена што паднав дури во замка на параноични мисли дека никој не ми мисли добро, дека никогаш нема да ја запознаам вистинската личност.

Јас ги буткам проблемите под тепих, а потоа тие избиваат на површина. Сфатив дека понекогаш е подобро да се исплачеш“.

Инаку, Иван ја запроси Теа во Дубаи. Тој ѝ приредил изненадување, по нејзиниот концерт таму.

Иван организирал интимната вечера по концертот и во романтична атмосфера, со музика во позадина, Иван клекнал, а Tea рекла „да“.

nekogash-i-bil-obezbeduvanje-ja-zaprosi-vo-dubai-tea-tairovikj-29-kje-se-mazhi-vo-fustan-od-18-000-evra-05.jpg

Таа не сака да открива многу детали за приватноста, но по запросувањето за српските медиуми сподели:

„Ретко зборувам за мојот приватен живот, но некои работи очигледно не можат да се скријат. А кога се убави - можеби и не треба да се кријат (ха-ха).

Најважно е што јас се чувствувам прекрасно, исполнето и среќно. Нека остане така, и во тој случај ќе бидам комплетна и остварена личност во секоја смисла“.

Теа Таировиќ со свршеникот:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg