Марија Микиќ за сопругот кој го обожава, но и ја вади од такт: „Тој е невозможен лик, постојано ме нервира“
- Детали
- вторник, 22 април 2025
„Тој во хороскоп е Јарец, а во подзнак Овен, невозможен лик, кој мисли дека сè знае најдобро, но мора некогаш нешто и јас да знам подобро од него...“, вели српската пејачка за својот сопруг и oткрива дека понекогаш користи Google за да му докаже нешто.
Марија Микиќ веќе неколку години ужива во среќен брак со својот избраник Јован Пантиќ, со кого има две деца.
Јован има уште еден поголем син.
Српската пејачка постојано добива изливи на љубов, преку пишан збор, на Инстаграм од страна на својот сакан.
Иако отворено признава дека нејзиниот сопруг знае да ја изнервира буквално секој ден, Марија вели дека нивната љубов и семеен живот ѝ се најголема среќа.
Во интервју за „IDJ TV“, српски музички телевизиски канал и дигитална платформа, таа со хумор откри дека најмногу ја нервира кога Јован мисли дека е во право, а не е, па му го докажува тоа преку Google.
Гостувањето беше пред да замине на операција во Истанбул.
Марија за својот сопруг вели:
„Тој е Јарец, а во подзнак Овен во хороскоп, невозможен лик, кој мисли дека сè знае најдобро, но мора некогаш нешто и јас нешто да знам подобро од него...“
На прашањето дали ѝ недостасува животот пред бракот и децата, Марија вели:
„Не дај Боже! Не! Тоа беше младешки живот што секој треба да го помине, но да не знаеш кој ден е - не, не ми недостасува тоа. Сега сè е како што треба“.
Таа потоа шеговито додава дека единствен неостварен сон во животот ѝ да може да јаде колку сака, а да не се дебелее.
Марија и Ненад се еден од најхаризматичните српски парови, кои имаат низа следбеници со кои споделуваат детали од секојдневниот семеен живот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





