Сопруга на српски пејач со емотивна исповед: „Се породив во 25-та недела, велеа бебето нема да ми преживее, имаше операција“
Александра со бебето се вратила дома по 1-месечен престој во болница.
Инаку, нејзиниот сопруг Бојан постојано во интервјуата истакнува колку му е важно семејството и како токму тие се негова најголема поддршка.
Во една пригода тој изјави:
„Семејството е темел на сè, тоа е една основа без која не се може. Да бидеш здрав, среќен, успешен, вистински исполнет е најважно.
Јас така гледам на работите и така живеам.
Секоја вечер ги успиваме децата со бајки, најчесто тоа го прави сопругата, но кога сум дома и јас уживам да го правам тоа“.
Инаку, уште во текот на бременоста Александра и Бојан дознале дека нивното детенце ќе има срцева мана и веднаш по раѓањето малата Хелена требала да биде оперирана.
И покрај советите за прекин на бременста Александра не послушала и се надевала на најдоброто.
„На средина од бременоста на редовен преглед докторите ми кажаа дека нашето бебе има вродена срцева мана, која ќе мора да биде хируршки коригирана, во првите седмици од животот на бебето.
Соочувањето со ова беше навистина трауматично, но одлучивме да му дадеме шанса на животот, па ја продолжив бременоста со надеж за најпозитивен исход “, изјави таа за српските медиуми.
Малата Хелена, по раѓањето, имала операција од која добро закрепнала, а денес таа е детенце во фаза на тодлер и ужива во патувањата и авантурите со своето семејство.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





