Патот до славата на турскиот диџеј Махмут Орхан: Пораснал во сиромаштија, на 12 години работел во бутик
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2024
Израснал во сиромашно семејство на автолакер и домаќинка, а за да го купи првиот компјутер гладувал со месеци. Мајка му не ја сфаќала неговата опседнатост со музиката, а тој сонувал само едно – да стане богат и славен. Што знаеме за турскиот диџеј Махмут Орхан, кој наскоро ќе настапува кај нас?
Махмут Орхан е турски диџеј и продуцент, кој во последните 10-тина години успеа да стекне светска слава.
Првиот најголем успех го постигна во 2015-та година со песната Age of Emotions, а следната година со турската пејачка Сена Сенер ја сними песната Feel која стана огромен хит.
Денес Махмут е 31-годишен музичар и продуцент кој е препознатлив по модерните денс и хаус хитови кои го комбинираат традиционалниот турски мелос со модерната музика, а неговите хитови се пуштаат во дискотеките низ целиот свет.
Махмут на Ohrid Calling / фото: Стефан Рајхл
Неговата приказна е инспиративна и покажува дека со напорна работа и труд секогаш може да ги остварите соништата, а секако потребен ви е и талент и харизма.