Српска водителка со потресна исповед: „Суров доктор ми предвиде 10 години живот заради Адисоновата болест“

„Првиот проблем кој го имав во текот на целиот живот беше нискиот крвен притисок. Вториот и важен симптом е што ми беше константно студено, без разлика дали е лето или зима, без разлика дали надвор е 50 или 2 степени, јас секогаш се тресев од студ...“, ја зaпочнува својата емотивна исповед Оља Црногорац.

srpska-voditelka-so-potresna-ispoved-doktorot-mi-predvide-10-godini-zhivot-koi-mi-bea-prvite-simptomi-na-adisonovata-bolest-01.jpg

Српската водителка Оља Црногорац во емотивни видеа со своите следбеници сподели дека боледува од Адисонова болест.

Адисоновата болест, позната и како примарна надбубрежна инсуфициенција и хипокортизолизам, е долгорочно ендокрино нарушување во кое надбубрежните жлезди не произведуваат доволно стероидни хормони.

srpska-voditelka-so-potresna-ispoved-doktorot-mi-predvide-10-godini-zhivot-koi-mi-bea-prvite-simptomi-na-adisonovata-bolest-07.jpg

Водителката отворено проговори за оваа дијагноза, која ѝ била поставена пред две години.

Таа откри дека наутро не ѝ се лачи кортизол и ако не го зеде својот кортикостероид би била мртва во рок од 24 часа.

Водителката сними две емотивни видеа на ТикТок, а во првото во еден момент дури и заплака, кога откри дека еден доктор сурово ѝ соопштил дека има уште 10 години живот.

За среќа, потоа имала комуникација и со друг доктор, кој ја охрабрил за нејзината состојба.

srpska-voditelka-so-potresna-ispoved-doktorot-mi-predvide-10-godini-zhivot-koi-mi-bea-prvite-simptomi-na-adisonovata-bolest-12.jpg

Во второто видео, пак, зборува за целиот трнлив пат кој го изодела до дијагнозата.

Во нејзината исповед таа вели:

„Луѓе, вчера ми беше навистина емотивен ден, многу од вас ми ги праќаа своите дијагнози и добивав прашања поврзани со тоа кои ми биле првите симптоми на Адисоновата болест и како сум дознала за неа.

Првиот проблем кој го имав во текот на целиот живот беше нискиот крвен притисок.

Вториот и важен симптом е што ми беше константно студено, без разлика дали е лето или зима, без разлика дали надвор е 50 или 2 степени, јас секогаш се тресев од студ.

srpska-voditelka-so-potresna-ispoved-doktorot-mi-predvide-10-godini-zhivot-koi-mi-bea-prvite-simptomi-na-adisonovata-bolest-02.jpg

Третиот и најважен симптом беше имунолошкиот одговор на моето тело на кој било вирус. Бев болна на 2 месеци, се соочував со температура и по 10 дена. Постојано имав гнојна ангина, постојано добивав пеницилин.

Значи, едвај успевав да се изборам и со обична кивавица.

Четвртата и важна работа беше што воопшто не се потев. Мојата кожа беше многу сува, сува уста, суви нозе, суви раце, не знам сега дали конкретно тоа има некаква врска, но претпоставувам дека има.

srpska-voditelka-so-potresna-ispoved-doktorot-mi-predvide-10-godini-zhivot-koi-mi-bea-prvite-simptomi-na-adisonovata-bolest-05.jpg

Најверојатно затоа што не ми се лачеше кортизол, затоа и ‘се сушев’.

И петта работа беше мигот кога докторот на мамографија ми виде некаква промена на градата и морав да заменам дел од силиконот, кој во мене беше 15 години.

И ако ви кажат дека силиконите, односно имплантите, траат до крајот на животот, тоа не е вистина.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Српска пејачка направи уникатна свадба со црна венчаница и црна торта - се омажи по 4-ти пат Каја се шегува дека кога се мажела во бело не потрајало, па сега се мажи во црно...
Марија Микиќ за мајчинството: „Се срамев од спонтаните абортуси, бев во депресија зашто не можев да ... „Престани со депресијата, твоето дете ќе има сѐ, не си ни прва, ниту последна....
Глумат лути ривалки со Милица Павловиќ во серија, омажена е за актер од САД – Која е српската актерк... Се лути кога ќе ѝ речат дека Милица Павловиќ ја има главната улога во серијата в...
Фотка од прозорецот од каде паднала, другарките тврдат дека не виделе ништо – Детали за смртта на мл... Се фотографирала пред прозорецот на зградата од каде паднала. Татко ѝ најави нов...
„Имам среќа што не сум деформирана“ – Српска манекенка се пофали дека ги извадила филерите и имплант... „Многу сум среќна што го вратив својот природен, најубав изглед и што успеав да ...
Била секс робинка во култ, татко ѝ е криминалец – Што знаеме за внуката на српската принцеза, Индија... Долго време никој не знаел кој ѝ е татко, а таа како дете на славна мајка спасот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg