Глумат лути ривалки со Милица Павловиќ во серија, омажена е за актер од САД – Која е српската актерка Јеле Мур?
- Детали
- недела, 01 септември 2024
Се лути кога ќе ѝ речат дека Милица Павловиќ ја има главната улога во серијата во која глумат заедно. Знаете ли која е Јеле Мур, српската актерка што сопругот од Америка го направи српски зет?
Српската актерка Јелена Мур, или попозната и како Јеле, се прослави со улогата на Емилија, во хит серијата „Певачица“, каде што глумеше „лута ривалка“ на Милица Павловиќ.
На приватен план, таа вели дека ја нашла вистинската личност за неа, откако случајно го запознала нејзиниот животен партнер додека била на студии во САД.
Јеле неколку години е во брак е со американскиот актер Стивен Мур, а неодамна нивното семејство стана побогато за еден член.
На 13-ти август годинава, Јеле на својот Инстаграм профил објави дека со сопругот добиле ќерка, на којашто ѝ го дадоа името Миа.
Во продолжение неколку интересни факти за неа:
Јелена е родена во 1995-та година како Јелена Грујичиќ во Ивањица. Таа потекнува од музичко семејство, а вели дека нејзините родители целосно ја поддржувале да ги оствари своите соништа.
На возраст од само 17 години, Јелена, се запишала на Академијата за драмска уметност во Белград, а потоа во 2017-та година одлучила да оди на мастер студии во Лос Анџелес.
Токму таму, во Лос Анџелес, го запознала сопругот Стивен Мур, а во една пригода изјави дека во него се вљубила на прв поглед.
Во време на пандемијата, студиите и на двајцата се одвивале онлајн, па затоа младиот пар одлучил да побегне од ригорозните мерки на претпазливост во САД и дошле во Србија.
Јеле и Стивен стапиле во брак во Белград, а по неколку месеци направиле веселба за најблиските и пријателите во Америка.
Откако станал српски зет, Стивен добил и српско име, па на шега блиските и пријателите на Јелена го нарекуваат „Стево“.
Инаку, токму во Србија тој доби можност да игра во некои серии и филмови, но тоа не беше пресудно за парот да остане на овие простори.