Српски психолози за детето-убиец од „Рибникар“ – Дали воспитувањето на родителите може да создаде монструм?
Во друго гостување, пак, таа рече дека воопшто не е изненадена затоа што момчето прифатило да сведочи на судењето.
„Мене, тој исказ ми делува некако осмислено, не ми делува автентично. Некако, како да даде исказ што е социјално пожелен, како некој да го советувал.
Тоа се информации што може да ги знаат само луѓето што се стручни. Со тоа што нагласил дека пиштолите се на татко му, детето ја префрла вината и одговорноста на родителите.
Се поставуваат граници меѓу личниот свет и надворешниот, но во овој случај тој оди на тоа дека другите се виновни“ – рече таа.
Според професорот на Правниот факултет во Нови Сад, Зоран Павловиќ, Коста сакал себе си да се прикаже како жртва, а целата вина да ја префрли врз родителите.
„Мислам дека тој сакаше низ рационализација да се прикаже себеси како жртва, па дури смета дека на тој начин ќе се искупи пред очите на јавноста и пред родителите.
Мислам дека тој самиот, како некој за кого јавноста смета дека е извршител на ова страшно масовно убиство, не бира средства за да се оправда не само пред себе, туку и пред јавноста, и другите родители“ – вели тој.
Инаку, од она што е објавено во српските медиуми, Коста на судењето признал дека се подготвувал за убиството, дека мета главно му биле учениците од седмо одделение затоа што се чувствувал отфрлено.
Тој раскажал како ги зел пиштолите на татко му кои биле во ранецот, скриени во гардероберот во претсобјето на станот.
На 3-ти мај со себе понел два пиштоли на татко му и 92 куршуми. Планирал да ги искористи сите пиштоли, но наводно, ни самиот не знаел зошто престанал да пука и решил да побегне низ прозорецот на училницата во којашто го извршил масакрот.
Инаку, судењето против родителите на Коста Кецмановиќ, треба да продолжи на 17-ти октомври, а најавено е дека и тие сами побарале да го испитаат синот кој тогаш треба да продолжи со своето сведочење.
Според угледниот српски адвокат Тома Фила, судбината на детето-убиец зависи од психијатриската анализа што ќе му биде направена.
Според српскиот кривичен закон, тој не може да биде осуден, затоа што убиствата ги извршил на возраст од 13 години, па неговата судбина во голема мера ќе зависи од мислењето на стручните лица.
„Осомниченото момче ќе оди на вештачење. Тоа вештачење ќе биде детално и ако тимот лекари утврди дека тоа е личност со психичко заболување, до крајот на животот ќе остане во установа.
Од друга страна, ако се утврди дека нема нарушувања, тој ќе си оди дома“ – тврдеше адвокатот во една изјава.
Каков ќе биде исходот од судењето, најверојатно ќе се дознае на 4-ти ноември, кога е закажана последното рочиште од судењето, а се очекува со неа да се стави судска разрешница на трагедијата која ја зави Србија во црно.
Б. С. Б. | Црнобело