Плаќаат по 500 евра за фотка со најзгодниот турски актер со македонски корени - Како Џан Јаман ги освои дамите низ Европа?
Но, според пишувањата на турските медиуми, Џан нашол решение и за овој проблем.
Тој деновиве се појави во Мадрид, каде што приреди настан за сите негови обожаватели.
На настанот актерот отворено зборуваше за својата кариера, се заблагодари за поддршката што ја добива и во Шпанија, па рече:
„Кога ги гледам моите стари проекти, знам дека сега би ги сработил поинаку. Но, и покрај сѐ, се гордеам со себе. Научив многу од искуствата“.
Она што особено привлече внимание е тоа што тие што сакаат да го видат одблиску актерот и да се фотографираат со него, не можеа само да го застанат на улица и да го извадат мобилниот телефон, туку мораа да си платат влезница од околу 500 евра.
Инаку, иако Џан мамеше воздишки и претходно со изгледот, неговите обожавателки забележуваат дека актерот за најновата улога на пиратот Сандокан уште повеќе ја подобрил физичката форма, па сега има уште поизвајани мускули.
Погледнете уште неколку фотографии од Џан во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело