Некогаш ја поврзуваа со Нејмар и Душко Тошиќ, денес е мајка и живее во луксуз – Каде е и што прави Сораја Вуќелиќ?
Во 2020-та година, сосема случајно се дозна дека Сораја се омажила во тајност, затоа што кога била приведена во полиција во Црна Гора, наместо како Вуќелиќ, таа се пријавила како Масони.
Таа гостувајќи во една емисија потврди дека се омажила во тајност во Холандија, а дека нејзиниот сопруг живее на релација Холандија – Русија.
„Моментално сме во некоја фаза на огнена љубомора.
Тој е љубоморен, затоа што сака да дојдам во Москва и официјално да го започнеме нашиот заеднички живот, но јас не сум подготвена за тоа.
Во тој случај би требало да се откажам од својот животен стил, а јас никако не можам да се прилагодам на неговиот живот, кој е деловен и доста сериозен“ – рече таа.
Во 2023-та година Сораја се породи и на свет го донесе синот Кан. Таа откри дека се породила во Цирих, а се шпекулираше дека по ова ќе се пресели во Москва.
Но, сега една година подоцна, може да се види дека Сораја и синот најверојатно сѐ уште живеат во Дубаи, од каде редовно објавува фотографии.
Таа се пофали дека од сопругот добила блиндиран џип вреден 360.000 евра.
Погледнете уште неколку фотки од Сораја во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело