Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уништи бракот на Карлеуша
Но, иако мислеле дека се мошне суптилни и дека никој не знае за нивната афера, веќе по две години, кон крајот на 2018-та година почнало да се „шушка“ низ Белград за пејачката која е позната по нејзините скандали и нејзиниот млад љубовник.
Се верува дека сопругата на Огњен, Данијела, цело време се сомневала за врската, но Душко немал поим што се случува.
Така, за време на новогодишните празници, кога Душко се вратил во Белград од Кина, каде што играл во тој период, бил пречекан со студен туш. Според гласините, на домашна адреса пристигнал букет од 1.001 роза наменет за неговата сопруга, по што тој ѝ го зел мобилниот телефон.
А во телефонот, ја затекнал преписката која со месеци потоа дел по дел беше објавувана во српските таблоиди и медиуми, во која Јелена детално го опишува сексот со својот љубовник.
Набрзо по ова, веста за аферата се најде во сите таблоиди.
Она што дополнително го разбесне љубовникот на Карлеуша, по избувнувањето на скандалот, беше фактот што таа во медиумите го нарече „обожавател“ и „психопат што ја прогонува“, по што тој објави отворено писмо во кое призна дека две години имале афера и објави нивна фотографија од Атина.
Набрзо потоа ги објави и нејзините фотографии и видеа во компромитирачки пози, како и голем дел од нивната преписка.
Карлеуша тврдеше дека видеоснимките на кои таа е гола биле монтирани, па набрзо по одекнувањето на скандалот ги спакува куферите и заедно со ќерките замина во Кина кај сопругот, но ова не беше доволно за да се смират страстите.
Додека Јелена и Душко заедно патуваа во Дубаи, Берлин и на други дестинации, Огњен одлучи да ѝ зададе уште еден удар. Тој ја тужеше пејачката со тврдење дека таа му ја загрозила безбедноста.
Денес, по речиси 5 години од скандалот, Јелена дава сосема поинакви изјави. Таа тврди дека Огњен бил нејзината најголема „онлајн грешка“ и дека тој ја снимил без нејзино знаење, а дека потоа со видеоснимките ја уценувал да се разведе од сопругот.
„Тоа ниту еден маж не го прави на жена. Мислев дека нема шанси да ми се случи, дека тоа е невозможно и дека тоа го прават само најголемите бедници.
Ја искористуваш довербата на некоја жена, ја фотографираш, а потоа ја уценуваш, а кога таа не сака да ја прифати уцената, а уцената беше да се разведам од Душко…
Не сакав, затоа што тој (Огњен) за мене беше предмет за потсмев и глупост.
Е потоа ми се одмазди така што ги испрати сите тие фотки во медиумите. Тоа не го прават вистинските мажи, тоа го прави само најголемиот олош и пи*ка.
Кога-тогаш кармата ќе му врати за сè што доживеав, затоа што доживеав хорор и ноќна мора за секоја жена. Душко никогаш не можеше да ми прости за тоа, без разлика што јас на тие фотографии бев сама, немаше никој покрај мене“ – рече Јелена неодамна.
А Огњен Врањеш, пак, набрзо по избувнувањето на скандалот се разведе од сопругата Данијела. Во септември 2019-та година парот потпиша спогодбен развод, пришто тој ги задржа двата локала и станот во Бања Лука, а на сопругата требаше да ѝ исплаќа по 3.000 евра месечен финансиски надомест.
Според извори блиски до него, тој во претходните години целиот имот го префрлил на име на брат му и мајка му и така успеал сопругата да ја остави со празни раце.
Во 2020-та година тој пак се најде среде скандал кога беше обвинет дека заедно со брат му Стојан претепале брачен пар во Бања Лука, за што плати парична казна од 3.000 евра.
Б. С. Б. | Црнобело