Majката на најпопуларното девојче во регионот почна сама да снима хит видеа (број 1 слатко ќе ве насмее)
- Детали
- сабота, 31 август 2024
„Јас кога ќе излезам во град и ќе сфатам дека сите околу мене се родени од 2000 година, па наваму. И (речиси) би можела да ги родам“, е едно од хит видеата на Андријана Вујовиќ.
Андријана Вујовиќ живее во САД повеќе од една деценија, а иако се навикнала на животот таму, во интервју за CRNOBELO.com откри дека неретко станува носталгична за Србија.
Нејзината ќеркичка Николија стана хит на Инстаграм со видеата од изјави кои на сите им го разубавуваат денот, но сега и самата Андријана почна да снима забавни видеа.
Од шеги на тема дека е меѓу најстарите кога ќе излезе во град до шеги на тема како уживаат на јахта тие на кои сте им позајмиле парите, а ви ги немаат вратено.
Дел од забавните видеа на Андријана:
„Јас кога ќе излезам во град и ќе сфатам дека сите околу мене се родени од 2000 година, па наваму. И (речиси) би можела да ги родам“.
„Инстаграм Стори на сестра ми која веќе една година ми должи 200 евра“.
„Повторно јадеш? Од стрес!“
„Душманите нека се прашуваат од каде имам пари за Малдиви“.
„Мојата сестра кога размислува како да ме праша да ја сликам по 2001 пат, бидејќи не ѝ се допаѓа како испаднала на претходните 2000 фотографии“.
„Кога ќе тргнеш со децата на одмор“.
„Јас кога ќе одлучам дека од утре или од понеделник ќе бидам на диета“.
„Пакување на море на 20 години vs. на 35+ години“.
Прочитајте и Интервју со мајката на најпопуларното девојче на Инстаграм во регионот: „Ники е природно зборлеста, не ја форсирам на ништо“
С. С. | Црнобело