Вирално видео на Жељко Самарџиќ: Со улични музичари во Далмација пее песни од Оливер Драгојевиќ
- Детали
- четврток, 22 август 2024
Жељко Самарџиќ со својата непосредност уште еднаш покажа дека со причина е еден од омилените музичари во регионот.
Познатиот пејач Жељко Самарџиќ, кој во моментов е во Далмација, во Биоград на Мору, шетајќи се низ летувалиштето, наиде на група улични музичари.
Тој им пријде, се поздрави со сите, па заедно запеаја два хита од легендарниот Оливер Драгојевиќ: Piva klapa ispo' volta и Oprosti mi pape.
Додека тие пеат, се слуша аплауз од случајните минувачи и воодушевување од глетката што ја имаат пред себе.
„Секоја чест господине“, „Каква непосредност, браво легендо“, „Одличен глас и прекрасно срце“, „Необично обичен“, коментираат следбениците на Жељко на Инстаграм, каде што беше објавена снимката.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело