Морето во Хрватска преплавено со медузи – Што не смеете да направите ако ве опечат?

Посетителите на хрватските плажи се жалат дека секојдневно се слушаат деца како плачат затоа што биле опечени од медузи. Лекарите, пак, предупредуваат ако одите на плажа, со вас задолжително да понесете оцет... Кои медузи се појавија во Хрватска и што не смеете да направите?

moreto-vo-hrvatska-preplaveno-so-meduzi-shto-ne-smeete-da-napravite-ako-ve-opechat-01.jpg

Високите температури и топлотните бранови придонесоа водата во Јадранското Море да стане потопла, а заради тоа голем број од плажите да бидат преплавени со медузи.

moreto-vo-hrvatska-preplaveno-so-meduzi-shto-ne-smeete-da-napravite-ako-ve-opechat-02.jpg

Како што пишува Denvnik.hr, голем број медузи се забележани во заливите, каде што водата е поплитка и потопла.

„Мајка ми си подаваше топка со сестра ми и одеднаш слушнав како сестра ми вика: ‘пече, ме пече’...

Потоа веднаш излегоа надвор“ – раскажува Леана Хорват за телевизијата.

moreto-vo-hrvatska-preplaveno-so-meduzi-shto-ne-smeete-da-napravite-ako-ve-opechat-07.jpgфото: HRT - принтскрин

Други очевидци, пак, раскажуваат дека веќе е вообичаено децата на плажа да почнат да плачат и да се жалат дека биле опечени од медузи.

Во овој случај станува збор за мали хидромедузи, наречени „морски месечини“, кои не се опасни, а според советите на лекарите, ако тие ве опечат, потребно е изгореницата добро да се измие со морска вода и да се олади со облоги.

„Може да се става јаболков оцет ако не се отворила рана, или веднаш да се посети лекар за да препише крем, комбинација од кортикостериоди и антибиотици, чисто за да се санира побрзо повредата“ – вели д-р Иван Стегиќ.

moreto-vo-hrvatska-preplaveno-so-meduzi-shto-ne-smeete-da-napravite-ako-ve-opechat-03.jpg

Морските месечини се мошне мали со полукружни капи, кои нараснуваат до 20cm, а препознатливи се по виолетовите точки на телото.

Овие медузи најмногу се забележани во околината на Хвар, а во хрватските медиуми е објавено детално упатство како треба да се третира изгореницата.

moreto-vo-hrvatska-preplaveno-so-meduzi-shto-ne-smeete-da-napravite-ako-ve-opechat-04.jpg

Најчесто при контактот со медузата на кожата доаѓа до алергиска реакција на отровот што тие го имаат во нивните пипала, но таа изгореница најчесто не е опасна.

Ако ве опече медуза во море, важно е да не паничите, туку веднаш да излезете на брегот, а раната да ја измиете само со морска вода, за да ги отстраните остатоците од пипалата.

Немојте да користите обична слатка вода, затоа што на тој начин пипалата ќе навлезат подлабоко во кожата.

За да се намали печењето и да се деактивираат жарните чаури што останале на кожата, потребно е изгореницата да се полие со оцет или да се ставаат облоги од оцет. Ако немате оцет, може да се користи и сок од лимон.

Ако изгореницата е поголема од големината на дланката со раширени прсти, неопходно е веднаш да се јавите на лекар, за да ви препише лекови.

moreto-vo-hrvatska-preplaveno-so-meduzi-shto-ne-smeete-da-napravite-ako-ve-opechat-05.jpg

Освен овие мали медузи, во Јадранското Mоре се појавија и големите „компас медузи“ кои важат за едни од поопасните.

Во околината на Црес, во плитките води биле најдени 10-тина вакви медиузи кои може да предизвикаaт болни изгореници.

moreto-vo-hrvatska-preplaveno-so-meduzi-shto-ne-smeete-da-napravite-ako-ve-opechat-06.jpg

Оваа медуза обично живее на длабочини до 10 метри, самата глава може да им биде со големина од 30cm, а пипалата кои всушност се опасни, може да бидат долги до 1 метар.

Компас медузата на себе има 24 пипала и заради тоа и го добила своето име.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојката на Бака Прасе покажа дека е домаќинка: Сама си сплете нови бикини на плажа (видео) „Конечно да направиш нешто паметно на плажа“ – коментираат следбениците на Ања Б...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
„Не паничев“ - Девојка од Хрватска се пожали дека ја каснала ајкула на одмор на Малдиви (фото) „Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера. Се при...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
„Син ми го опече анемона на Тасос“ - Како изгледа изгореницата и што треба да направите за да се заш... „Синот си играше во песокот, па го опече анемона што ја донел во кофичката“ – ве...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg