Го променила полот пред да се прослави, мистериозно исчезна – Што знаеме за пророчицата Клеопатра?
- Детали
- понеделник, 15 јули 2024
Клеопатра некогаш беше најпозната балканска пророчица, која имаше и свои емисии, што редовно се емитуваа на телевизиите во регионот, а препознатлива беше по писмата од гледачите и нејзините детални пророштва за нив.
Таа се појави кон почетокот на 90-тите години, а себеси се нарекуваше „Кралица меѓу пророците“, па често добиваше прашања од нејзините гледачи поврзани со нивната иднина, финансиите, љубовниот живот.
Освен тоа, таа работеше и со голем број познати личности во rегионот, што само повеќе ѝ ја зголеми популарноста.
Но, во моментот кога ја уживаше најголемата слава, Клеопатра одлучи да се повлече и според медиумите во регионот денес живее во Босна и Херцеговина.
На некои од социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од Клеопатра, како изгледа денес и според многумина таа не се променила премногу.
https://www.instagram.com/p/CL34IZXhhhS/
Што знаеме за најпознатата балканска пророчица?
Вистинското име на Клеопатра е Душица Илиќ и пред да стане пророчица таа работела како пејачка и пеела во кафеани.
На Јутjуб сè уште е достапно едно видео во кое таа зборува за своите настапи кај угледниот угостител „Паја Кифлица“.
„Јас сум пејачка, која, како што велат луѓето, ја возбудила југословенската јавност. Јас не гледам заради што.
Луѓето ме сакаат, особено приватните угостители.
Да прејдеме сега преку тоа, малку да поразговараме за љубовта. Јас сум слободна девојка, моментално пеам во Рума, кај угледниот угостител Паја Кифлица, кој сака нека повели“ – кажа таа меѓу другото.
Во периодот додека беше славна, исто така кружеа приказни и дека Клеопатра во 1985-та година на еден босански новинар му раскажала дека направила операција за промена на полот и засекогаш го напуштила идентитетот на мажот под име Душан.
„Ме чинеше многу труд и нерви за околината да ме прифати таква каква што сум. Одев да пеам од место до место, од кафеана до кафеана, од панаѓур до панаѓур.
Тоа беше макотрпен и тежок пат, но единствен за да преживеам. Потајно сакав да ја направам операцијата, конечно да станам тоа што сум“ – наводно изјавила Клеoпатра.