Љубовните маки на турската актерка Мерве Болугур: После 44 дена брак се развела за 5 минути
- Детали
- сабота, 13 јули 2024
Актерката која ја гледавме во серијата „Сулејман Величествениот“ зад себе има 2 пропаднати бракови, кои многу кратко траеле. Свекрвата богато ја дарувала, но таа одлучила да се разведе.
Турската актерка Мерве Болугур, која имавме можност да ја гледаме во серијата „Сулејман Величествениот“ во улогата на султанката Нурбан, сопругата на султанот Селим Втори, го маѓепса светот со својата убавина и талент за глума.
Родена е во Истанбул на 16 септември, 1987 година.
Голема популарност стекнала со улогата во серијата „Мали тајни“, која е адаптација на серијата „Gossip Girl“, а која се емитувала во периодот од 2010 и 2011 година.
Носи крст на ланче иако е муслиманка
Мерве на Инстаграм ја следат 4 милиони следбеници, а таа секојдневно привлекува внимание со преубавите фотографии кои ги споделува.
Прилично е активна на социјалните мрежи и со задоволство одговара на прашања на своите фанови.
Едно од прашањата кои ѝ беа поставени е и зошто често носи крст како приврзок на ланче, кога е муслиманка?
Мерве не сака многу да зборува на оваа тема, па кратко одговори:
„Ги почитувам сите религии, но крстот има посебно, за мене познато значење и нека остане така“.
Мерве зад себе има 2 пропаднати брака
На 24 август 2015 година судбоносното „да“ го изговорила заедно со 4 години постариот пејач Мурат Далкилиќ.
Парот организирал традиционална турска свадба, на која присуствувала целата турска естрада.
Свекрвата ѝ подарила на невестата раскошни подароци: ланче со дијаманти, нараквица и обетки вредни 35.000 евра, а младоженецот ѝ подарил прстен со дијаманти вреден околу 30.000 евра.
Кума на свадбата им била султанката Михримах, односно турската актерка Пелин Карахан, која ѝ е долгогодишна пријателка на Мерве.
Само 2 години подоцна Мурат и Мерве одлучиле да се разведат.
фото: Pinterest
Вториот брак ѝ траел 44 дена
Пред две години Мерве одлучи повторно да заплови во брачните води, овој пат со ди-џејот Мерт Ајдин, но нивната среќа исто така кратко траела.
Мерт и Мерве биле во брак само 44 дена.
Како што објавуваа турските медиуми, дури и бракоразводната парница траела многу кратко и сѐ се завршило во рок од 5 минути.
„Не успеавме... Таков е животот. На Мерт му посакувам среќен роденден и му благодарам за сите убави денови“, напишала таа на Инстаграм.
Мерт кратко потврдил дека не можат да најдат заеднички јазик и ѝ се заблагодарил на поранешната сопруга за сѐ.
Нивниот брак сепак се вбројува меѓу највпечатливите и најкратките бракови во Турција.
фото: Pinterest