Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанска серија
Софија од друга страна, пак, тврдеше дека на почетокот ја криеле врската заради детето.
„Неговата ситуација беше комплицирана, затоа што тој со таа девојка не беше во врска веќе неколку години, но сето тоа беше протолкувано на поинакво начин.
Како тоа јас растурам бракови, а тие не ни беа во брак. Се криевме колку е можно подолго. Давид тогаш имаше 4 месеци… Како на сите да им ја објаснам ситуацијата со неговата бивша девојка?“ – изјави Софија.
Лука го продолжи својот живот со славната манекенка, а неговата поранешна девојка во 2022-ра година се омажи за Немања Бранковиќ, кој исто така е фудбалер.
Парот заедно ја доби ќерката Лола, но набрзо потоа се најдоа на удар и навредливи коментари на социјалните мрежи заради изгледот на девојчето, а случајот го пријавија и во полиција.
Погледнете повеќе фотографии од мајката на првото дете на Лука:
?
Б. С. Б. | Црнобело