Сите го паметат како Бебан од „Семејно богатство“ - русокосото момче денес има поинаков имиџ и не се знимава со глума
- Детали
- недела, 30 јуни 2024
Животот му го обележа тешка сообраќајна несреќа, после која татко му останал инвалид. Талентираниот Вукашин Марковиќ и денес освојува со својата харизма.
Пред две ипол децении, кога Вукашин Марковиќ имаше само 12 години ја освои публиката со улогата на Бебан во популарната серија „Семејно богатство“.
Оние кои се сеќаваат на серијата, Вукaшин го паметат како слатко момче со руса коса.
Русокосото момче денес има долга кафеава, кадрава коса и густа брада.
За улогата во „Семејно богатство“ отсекогаш зборувал со задоволство.
„Никогаш не се покајав што го направив тоа, а серијата се репризира десетта година по ред. Сето тоа е врежано во сеќавањата на луѓето“, изјави Вукашин за српската телевизија „Прва“.
Многумина мислеле дека улогата на Бебан ќе му биде отскочна штица во актерската кариера, но тој се одлучил за нешто друго.
Вукашин денес е фронтмен групата „Irie FM, која ја основаше во 2001 година во Белград.
Во 2012 година биле прогласени за најдoбар реге - бенд во Европа.
Дипломирал графички дизајн на Факултетот за применета уметност.
Освен што пее, тој е и текстописец и свири на тромбон.
Пред неколку години предизвика бурни реакции во јавноста откако во спот се појави целосно гол.
Тој поседува и свој сплав во Белград, во кој и живее.
Вукашин е страстен љубител на мотори, но неговиот татко, кој останал инвалид после сообраќајна несреќа, никогаш не ја поддржувал оваа негова страст.
„Уште како дете фантазирав за мотор, но татко ми беше против тоа.
Тој доживеал неколку тешки сообраќајни несреќи, а по една останал инвалид.
Затоа не ми дозволуваше да купам мотор. Дури подоцна, кога имав 24-25 години и почнав да живеам сам, мојот прв чин на независност беше купување на мотор.
Бев свесен за опасностите, а сега возам одговорно осум години и уживам“, изјави Вукашин за „Hello“.