Венчавка, крштевка и втора бременост - Тамара Милановиќ од „X-фактор“ славеше за три работи во еден ден

Тамара Милановиќ, една од миленичките во „Х-фактор“, која се натпреваруваше заедно со нашиот Даниел Кајмакоски, правеше црковна венчавка и крштевка на ќерката, а откри и дека со сопругот чекаат второ дете.

venchavka-krshtevka-i-objava-za-vtora-bremenost-tamara-milanovikj-od-x-faktor-slaveshe-tri-povodi-vo-eden-den-01.jpg

Пејачката Тамара Милановиќ, која се прослави со своето учество во музичкото шоу „Х-фактор“ во 2013, е бремена со своето второ дете.

Првата ќерка ја роди во март 2023.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara Jović (@lilliewah)

Веста за бременоста ја откри на Инстаграм, каде што сподели фотки од крштевката на својата прва ќерка, но и од црковната венчавка со својот сопруг, која се случувала во исто време.

„До месечината и назад“, напиша таа.

За оваа пригода, Тамара избра долг широк фустан под кој се гледа нејзиното трудничко стомаче.

Ќерката, пак, ја облече во сличен стил како себе.

venchavka-krshtevka-i-objava-za-vtora-bremenost-tamara-milanovikj-od-x-faktor-slaveshe-tri-povodi-vo-eden-den-02.jpg

Пејачката која го освои регионот со својот глас, мил поглед и продорни сини очи, брзо по завршувањето на „Х-фактор“ се повлече од јавноста и долго време не споделуваше ништо за својот приватен живот.

Под притисокот на популарноста, таа се пресели во Катар, каде што работеше во агенција за откривање таленти, а кратко време работеше и како модел.

venchavka-krshtevka-i-objava-za-vtora-bremenost-tamara-milanovikj-od-x-faktor-slaveshe-tri-povodi-vo-eden-den-11.jpg

Пред неколку години се врати во Србија, каде што повторно ѝ се посвети на музиката, а настапува под уметничкото име Lilliewah.

Откако го роди своето прво дете, Тамара е поактивна на социјалните мрежи и често објавува фотографии со ќерката и сопругот.

Погледнете повеќе фотографии:

venchavka-krshtevka-i-objava-za-vtora-bremenost-tamara-milanovikj-od-x-faktor-slaveshe-tri-povodi-vo-eden-den-04.jpg

venchavka-krshtevka-i-objava-za-vtora-bremenost-tamara-milanovikj-od-x-faktor-slaveshe-tri-povodi-vo-eden-den-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg