Ги крие годините, трипати го оперирал половиот орган – Фотки од најпластичниот Хрват пред операциите
Цигановиќ двапати ставал силикон во јагодиците, трансплантирал влакна на веѓите, двапати бил на блефаропластика, односно на операција за поткревање на очните капаци, а носот го намалувал трипати.
Тој во 2017-та година се појави во рамки на британската документарна емисија Plastic & Proud, каде рече дека целта му е засекогаш да изгледа како да има 47 години.
Емисијата била снимена за време на последната операција за исправување на девијација на носот (која настанала при првата естетска корекција).
А токму тогаш лекарите утврдиле дека Цигановиќ има проблеми со половиот орган и дека мора под итно да се оперира.
Имено, тој подолго време страдал од пријапизам, односно болни ерекции кои не се предизвикани од сексуална возбуда.
Претходно двапати го оперирале во Белград, но откако лекарите во Иран за време на операцијата на носот установиле дека тој сѐ уште има проблем со половиот орган, Цигановиќ заминал на операција во Белград.
Тој вели дека операциите ги прави со цел да изгледа младолико, а своите години ги крие од јавноста.
Тој не сака кога го прашуваат колку пари потрошил на операциите и смета дека тоа е некултурно прашање.
Погледнете уште неколку фотки во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело