Сопругата е 10 години постара од него, има свој бизнис: Што прави денес Сајко од „Операција триумф“?
- Детали
- сабота, 18 мај 2024
Времето како да запрело за Сајко кој го задржал својот препознатлив шарм. Има свој бизнис, но и понатаму е музички активен.
Музичкиот натпревар „Операција триумф“ се снимаше во Белград, а започна со емитување во 2008 година.
Во шоуто учествуваа натпреварувачи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.
Заедно со натпреварувачите во шоуто настапуваа и најголемите музички ѕвезди од целиот Балкан, па и пошироко.
фото: Фејсбук
Еден од главните фаворити во шоуто беше и Никола Сариќ - Сајко.
Сајко ги освои срцата на публиката, особено на припадничките од понежниот пол.
Музичките експерти тогаш му предвидуваа блескава кариера.
Во текот на шоуто се јави љубов меѓу него и кореографката Милица Церовиќ, која секојдневно работеше со натпреварувачите на нивните сценски настапи.
Тие на почетокот ја криеја врската, а подоцна кога соопштија дека се заедно, многумина се сомневаа дека таа љубов нема долго да трае, бидејќи Милица е постара од Никола 10 години.
Сепак, докажаа дека вистинската љубов не знае за граници, па во 2018 година одлучија да се зaколнат на вечна љубов.
По завршувањето на натпреварот, Никола некое време се занимаваше со пеење, учествуваше и во реалното шоу „Фарма 2“, а потоа се повлече од естрадниот живот.
Тогаш се посвети на угостителството и заедно со неговиот пријател отвори кафуле, па кога им се разработи бизнисот, отворија уште два локали.
Пред некоја година одлучи повторно музички да се активира, но не кaко пејач, туку како басист во групата „Психо банда“.
Повеќе фотографии од Сајко погледнете во продолжение:
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
С. Ш. | Црнобело