Најскандалозниот Турчин: Со филерите и облеката наликуваше на Јелена Карлеуша, а сега е непрепознатлив
- Детали
- понеделник, 22 април 2024
Во родната Турција со години го обвинуваа дека е славен само заради тоа што промовира хомосексуалност. Објави неколку свои песни и работеше како диџеј, па потоа го снема од јавниот живот. Се врати целосно променет и непрепознатлив. Кој е Кермиџан Дурмаз?
Керимџан Дурмаз (29) важи за најскандалозниот Турчин. Се појавуваше облечен како жена, со филери и долга коса, а денес изгледа речиси непрепознатливо, откако одлучи да си го врати машкиот изглед со брада.
Керимџан е роден на 2-ри ноември 1994-та година во Истанбул. Неговата мајка била домаќинка, а татко му менаџер во ресторан и има две постари сестри.
Откако завршил средно училиште, се преселил во Баку, Азербејџан, каде што работел како мејкап артист.
Славата ја стекнал по 2015-та година кога почнал да објавува видеа на социјалните мрежи, а набрзо потоа се вратил во родната Турција, каде што почнал да работи како диџеј.
Често се соочувал со осуди и критики во родната Турција, затоа што сите сметале дека е славен само заради неговата сексуална ориентација и затоа што промовира хомосексуалност во земјата.
Во 2016-та година бил судија во модното реално шоу İşte Benim Stilim (Ова е мојот стил).
Истата година бил нападнат додека настапувал во локал во градот Самсун.
Тој објавил повеќе свои песни, а беше доста актуелен и заради провокативниот начин на облекување, па на некои фотографии може да се види дека премногу потсетува на српската пејачка Јелена Карлеуша.
Кермиџан мистериозно исчезна на подолг период од социјалните мрежи, а сега се врати со нов и непрепознатлив имиџ.
Деновиве, тој е топ тема во турските медиуми заради новиот изглед и начинот на облекување.
Се чини дека Кермиџан одлучил да ги разгради филерите на лицето, а наместо со чисто и мазно лице, се појави со брада.
Погледнете повеќе фотографии од најскандалозниот Турчин во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело