Со стомаче и отечено лице – Српската водителка Сања Кужет ужива во бременоста (фото)
- Детали
- четврток, 11 април 2024
Го покажува стомачето во 6-иот месец од бременоста, сексапилните аутфити ги замени со домашна и лежерна облека – како ги поминува деновите најубавата српска водителка, откако реши да направи пауза од „Ѕвездите на Гранд“?
Една од најубавите српски водителки, Сања Кужет, го очекува своето трето дете со партнерот Немања.
Првото дете, синот Андрија, го има од бракот кој траел само една година, а откако се развела, се навратила на старата љубов од младоста, Немања, со кого го добила синот Страхиња.
Сега среќниот пар е во исчекување на уште еден син, а прекрасната водителка ужива во 6-иот месец од бременоста.
Прочитајте и Љубовниот живот на Сања Кужет: По разводот му се врати на бившиот, сега чекаат второ дете
Откако реши да направи пауза од водење на „Ѕвездите на Гранд“, заради тоа што тешко се носела со бременоста и докторот ја советувал да прекине со снимање, таа го поминува слободното време во природа, на планина, но и покрај море.
Сања редовно објавува фотки од нејзиното секојдневие, а тесните секси фустани и раскошни тоалети ги замени со поопуштена облека за поголема удобност.
Таа го има препознатливиот труднички сјај, а и покрај отеченото лице, блеска со својот природен изглед:
М. М. | Црнобело