Лепа Брена откри: „Заработив 150.000 евра во еден ден, сум водела љубов во автомобил“ (видео)
- Детали
- четврток, 11 април 2024
Една од најголемите регионални ѕвезди, Лепа Брена, гостуваше во шоуто на Огњен Амиџиќ, па одговараше на интересни и по малку необични прашања, на теми за кои скоро и да не зборувала јавно, а меѓу кои беа - пари и секс.
Лепа Брена по долги години гостуваше во забавното шоу на Огњен Амиџиќ, „Амиџи шоу“.
Со познатиот водител правеа мини полиграф тест, а таа одговараше на прашања поврзани со нејзиниот брак со Боба Живојиновиќ, гледаа видеа од нивната свадба, но зборуваше и за човекот кој, кога била седмо одделение, ѝ предвидел дека ќе стане позната како Тито.
Тука беа и неизбежните теми за кариерата, музиката, но и прашања какви што скоро никогаш не одговарала - за пари и секс.
„Кое е најнеобичното место каде што си водела љубов?“ - ја прашаа во емисијата.
„Во автомобил“ - кажа Брена и почна да се смее.
„Мора да прашам - во автомобил или околу автомобилот?“ - ја потпраша Огњен, на што пејачката рече дека тоа се случило во автомобил, не надвор од него.
Меѓу прашањата беше и „Колку пари си заработила најмногу во еден ден?“.
Брена откри дека заработила 150.000 евра, а кога ја прашаа како ѝ успеало, таа одговори:
„Продаваш куќа или автомобил и заработуваш десетпати повеќе“.
Брена зборуваше и за нејзиниот брак со Боба Живојиновиќ, кој трае 32 години (се венчаа на 7 декември 1991), а со кого претходно 4 години била во врска.
„Бракот мора да се негува, да се одржува страста, но притоа да не се изгубиш себеси. А ако нешто не функционира, тогаш подобро добар развод, отколку лош брак.
Јас сум личност која сака да го следи мажот, да имам на кого да се потпрам, да имам силен маж покрај себе, а Боба е таков“, рече таа меѓу другото.
Пејачката прозборе и за првата средба со нејзиниот сопруг, која била на премиерата на филмот „Hajde da se volimo“.
„Бев во 'Дом на синдикатот', се поздравував со новинарите, со актерите, и по тоа останавме да испиеме по еден пијалак, да се подружиме малку.
И ми доаѓа покојниот Бата Живојиновиќ. Ми вели: 'Што стоиш тука, ене ти го таму Боба Живојиновиќ'. Јас само ги растуркав сите за да стигнам до него и кога застанав му реков: 'Па, каде си ти до сега?'. Така се запознавме и никогаш нема да го заборавам тој момент“, раскажа таа.
Погледнете ги видеата од гостувањето на Брена во „Амиџи шоу“:
А. Ј. | Црнобело