Тој е Србин, таа е Русинка, се запознале во Турција како деца – по 12 години се свршени

„Го запознав мојот Србин кога имав само 15 години, мислев дека нема никогаш повеќе да се видиме“... Русинка раскажува како љубовта ја донела во Србија и одлучила да се пресели на Балканот.

toj-e-srbin-taa-e-rusinka-se-zapoznale-vo-turcija-kako-deca-po-11-godini-se-svrsheni-01.jpg

Србин и Русинка имаат уникатна љубовна приказна. Тие докажуваат дека љубовта не познава граници, ниту километри и дека сѐ е возможно кога срцето те води.

Анастасија Слаупова е Русинка која на ТикТок ја сподели својата уникатна љубовна приказна со Србинот Давид.

toj-e-srbin-taa-e-rusinka-se-zapoznale-vo-turcija-kako-deca-po-11-godini-se-svrsheni-02.jpg

Таа раскажува како кога имала само 15 години на одмор во Турција се запознала со Давид од Србија, кој веднаш ѝ се допаднал.

Тие двајца размениле контакти на социјалните мрежи, но сѐ останало на тоа додека не се сретнале 12 години подоцна.

Во видеото, таа кратко појаснува како се преселила во Србија и како одлучила оваа земја да биде нејзиниот нов дом:

„Тука дојдов заради моето ново момче, тој е Србин. Ние се запознавме пред 12 години во Турција. Јас бев на одмор со родителите и имав само 15 години. Во хотелот запознав едно многу фино момче.

Двете недели во Турција ги поминавме заедно, игравме пикадо, јадевме заедно во кафулето, одевме на плажа, си игравме во базенот“ – раскажува таа.

toj-e-srbin-taa-e-rusinka-se-zapoznale-vo-turcija-kako-deca-po-11-godini-se-svrsheni-05.jpg

Анстасија вели дека кога му го дала својот Фејсбук профил мислела дека никогаш повеќе нема да се видат. Таа се вратила на својот живот во Сибир и мислела дека никогаш повеќе нема да се сретнат.

Анастасија завршила училиште, факултет, па одлучила да се пресели во градот Геленџик, на брегот на Црното Море, каде почнала да работи.

Додека живеела тука, Анастасија и Давид ги обновиле контактите и почнале секојдневно да се допишуваат.

toj-e-srbin-taa-e-rusinka-se-zapoznale-vo-turcija-kako-deca-po-11-godini-se-svrsheni-03.jpg

Давид ја изненадил со тоа што без нејзино знаење купил авионски билет за Русија за да се видат.

„Не можевме да веруваме дека повторно сме заедно. Се чувствуваме како последен пат да се видовме претходниот ден.

Одлучивме дека не сакаме врска на далечина и дека јас треба да се преселам во Србија. Не размислував долго, знаев дека сакам да бидеме заедно“ – напиша таа.

toj-e-srbin-taa-e-rusinka-se-zapoznale-vo-turcija-kako-deca-po-11-godini-se-svrsheni-04.jpg

Давид и Анастасија веќе една година живеат заедно во Србија, тие се верени, а оваа Русинка во меѓувреме се вљубила во Србија, во храната, нашла пријателки и го научила јазикот.

@slaupik

#serbia #pleskavica #rostiljbrend #relationship #belgrade

♬ original sound - ⚡Samo Hustle⚡

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg