Имаше само 5 години кога играше во „Жикина династија“ – Како изгледа денес детето што ја толкуваше улогата на Миша?

Иако се чинеше дека Михајло Јевтиќ по огромната слава која ја достигна глумејќи во култната серија ќе продолжи следејќи го патот до успехот, сепак тој сосема се дистанцираше од актерската сцена.

misa-zikina-dinastija-01.jpg

Во режија на Зоран Чалиќ, Југословенскиот филм „Жикина династија“ од 1985 година, е седмото продолжение на филмскиот серијал „Луди години“, кој остави посебен белег на овие простори.

Премиерното прикажување беше на 31 октомври 1985 година.

Многумина и денес го сметаат за една од нивните омилени серии, а сè уште може да го видиме на некои ТВ-канали па да се потсетиме на култните ликови.

Дејствието главно се случуваше во домот на дедо Живорад Жика Павловиќ кој заедно со својот внук Миша помина низ бројни авантури.

misa-zikina-dinastija-06.jpg

Актерот Михајло Јевтиќ кога имаше само пет години, го одигра ликот на Миша Павловиќ, во култниот филм, во епизодата „Каков дедо, таков внук“ а по него улогата ја играа Борис Миливојевиќ и Никола Којо.

Михајло е роден во Белград во 1975 година.

misa-zikina-dinastija-02.jpg

Кога имал 16 години бил примен во детското драмско студио на РТБ и во следните 18 години снимла серии и филмови и глумел во белградските театри.

Набргу по оваа улога добил уште неколку, а една од најзначајните е онаа во серијата „Сиви дом“.

Денес Михајло има 49 години и, како што велат многумина, воопшто не наликува на себе. 

misa-zikina-dinastija-03.jpg

Сосема се дистанцираше од актерската сцена и животот го однесе на сосема друга страна.

Дипломирал на средното електротехничко училиште „Никола Тесла“ и на музичкото училиште „Коста Манојловиќ“ во Земун.

misa-zikina-dinastija-04.jpg

Михајло денес создава музика, но се занимава и со изработка на веб апликации и сајтови.

Љубител е на музиката и свири виолина, пијано и гитара.

misa-zikina-dinastija-05.jpg

 В. К. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Како изгледа денес слаткото детенце Осман од турската серија „Бурни времиња“? Го запознавме како 5-годишно детенце кое глумеше во трагичната турска серија „Бу...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Бившата му родила син, додека тој бил во врска со друга – Љубовниот живот на Лука Јовиќ е како шпанс... Јавноста дозна дека на 22 години Лука Јовиќ стана татко и доби син, а само 4 мес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg