Продорни зелени очи и руса коса - Наташа од „Жикина династија“ и денес остава без здив со убавината
- Детали
- недела, 10 март 2024
Српската актерка Гала Алексиќ била на прагот од холивудска кариера, но наместо на глумата, решила да се посвети на семејството. Каде е денес убавата актерка?
Со улогата на Наташа во серијата „Жикина династија“, со својата харизма и одлична глума, Гала Виденовиќ денес Алексиќ ги освои гледачите во целиот регион.
Својата актерска кариера Гала ја започнала уште додека била многу млада.
Родена е на 27 јуни 1969 година во Белград, а на 12-годишна возраст првпат се појавила на филм.
фото: Инстаграм
Како што изјавила за медиумите, честопати додека снимала размислувала што прават другите деца од училиште.
Многумина се восхитуваат на нејзините актерски способности, а публиката ја засака поради нејзините улоги во „Бал на вода“, „Мојот татко на одредено време“, „Молец“, „Јагоди“ и „Што се случува кога се раѓа љубовта“.
Освен со одличната глума, таа ја освои публиката и со својата неверојатна убавина, која ја наследила од нејзината баба Чехинка.
фото: Инстаграм
Продорните зелени очи, русата коса и светлиот тен се заштитен знак за убавицата Естер од филмот „Бал на вода“ кој ја обележа нејзината кариера.
Уште тогаш покажала цврст карактер, кога одбила да снима љубовна сцена.
Поради тоа настанала голема кавга меѓу неа и режисерот, тој си заминал од снимање, а таа прифатила да ја одглуми сцената на поинаков начин, во присуство на само двајца луѓе - директорот на фотографија и секретарката на режисерот.
Иако сите ѝ предвидувале голем успех, Гала сепак одлучила да тргне по друг пат.
Таа се преселила во Америка и таму започнала да гради меѓународна кариера.
Во Америка била на прагот од започнување на холивудска кариера.
Благодарение на семејни пријатели, младата актерка Малибу започнала да го смета за свој втор дом и започнала да оди на аудиции со својот амбициозен менаџер.
Потоа се заљубила, забременила и одлучила да стави пауза на кариерата и да се посвети на мајчинството.
Тогаш го родила својот прв син Демијан.
Како дете не уживала во детството и токму затоа одлучила да ужива во мајчинството.
Кон крајот на 90-тите Гала се вратила во Белград, каде ја запознала љубовта на својот живот, режисерот Владимир Алексиќ со кого го добила синот Павле.
Денес понекогаш оди во Америка, но само во посета на својот постар син.
С. Ш. | Црнобело / фото: Фејсбук