Каде се денес актерите од „Кога лисјата паѓаат“?
Ферхунде
За Дениз Чакир, исто како и за Гокче, по завршувањето на серијата се пишуваа разни шпекулации.
Македонската публика ја памети како Ферхунде од серијата „Кога лисјата паѓаат“, а особено интригантна е приказната за нејзината наводна љубовна врска со турскиот актер Халил Ерган, кој е 36 години постар од неа и кој ја играше главната улога во серијата, Али Риза Текин.
Наводно, приказната започнала кога двајцата се фалеле, нагласувајќи ги успесите на другиот, а медиумите го следеле тоа, поради големата популарност на серијата.
Сепак актерите никогаш ниту ја демантираа, ниту потврдија оваа вест.
По низа љубовни бродоломи, Дениз Чакир по две години врска се омажи за Билгехан Бајкал на 10 септември 2023 година.
Дениз и Билгехан на венчавката ги собраа само своите најблиски пријатели и семејството и уживаа во нивната интимност, како што беа навикнати во текот на врската.
Хајрие
Иако е една од најбараните актерки во Турција, Гувен Хокна многумина ја паметат по улогата на Хајрие Текин во серијата „Кога лисјата паѓаат“.
Родена е во Анкара, а дипломирала на Државниот конзерваториум во Анкара во 1967 година.
Хокна денес е во осмата деценија од животот, но и покрај тоа, таа е доста активна на Инстаграм.
Многумина за неа велат дека воопшто не се променила.
Али Риза
Халил Ергун го толкуваше главниот лик во серијата, таткото и главата на семејството, Али Риза.
Тој е еден од најпознатите актери во Турција. Од завршувањето на серијата до денес е поминато доста време, меѓутоа нема некоја голема промена кај него.
Актерот го поврзуваа со 36 години помладата колешка Дениз Чакар но за наводната врска не се огласија ниту двајцата.
Фикрет
Бени Јилдирмлар ја играше улогата на Фикрет и беше највозрасната ќерка, која се грижеше за семејните вредности и чија цел беше да ги изведе своите помали сестри на вистински пат.
Таа можеби ја имаше и најтешката улога во семејството бидејќи како најголемо дете го трпеше понижувањето на својот татко. Беше сопруга на Тахсин, маќеа на трите негови деца и мајка на Умут.
За неа, по завршувањето на серијата не се пишува многу, но фановите постојано ја опсипуваат со комплименти, а многумина велат дека воопшто не наликува на Фикрет.
В. К. | Црнобело