Како преморениот контролор ја предизвикал најстрашната авионска несреќа во Југославија?
- Детали
- вторник, 20 февруари 2024
Два патнички авиона се судриле на небото над Загреб, а очевидците велат дека од небото паѓале човечки тела врзани за авионски седишта. Како дошло до најстрашната авионска несреќа на некогашните југословенски простори?
На 10-ти септември 1976-та година се случила најстрашната авионска несреќа на територијата на поранешна Југославија, кога два патнички авиона се судриле на небото во близина на Загреб.
Британскиот авион „Trident“ се судрил со авионот на тогашната југословенска компанија „Inex Adria“, а во несреќата животот го загубија вкупно 176 лица.
Југословенскиот авион на „Inex Adria“ полетал од Сплит и патувал до Келн, Германија, а британскиот авион летал на релација Лондон – Истанбул.
Полетувањето и летот на двата авиона течеле во најдобар ред, и никој не можел да претпостави дека на небото над Хрватска ќе се случи една од најголемите воздухопловни несреќи.
Во 11:14 часот, додека пилотот на „Inex Adria“ разговарал со контролорот на летот за тоа на која височина се наоѓа, дошло до судир со британскиот патнички авион.
Двата авиона се судриле додека летале со брзина од 900кm/h.
Левото крило на авионот на „Adria Impex“ удрило во пилотската кабина на британскиот авион, по што избувнал пожар, следела експлозија и распаѓање на двата авиона во воздухот.
Според сведоштвата на очевидците на несреќата, од небото почнале да паѓаат човечки тела, куфери, но и делови од авионите.
Првите спасувачки екипи почнале да доаѓаат дури 15-тина минути по несреќата, а лекарите не можеле да направат ништо освен да констатираат смрт кај настраданите патници.
Противпожарните екипи долго време се обидувале да ги изгаснат запалените делови од авионите, а потрагата по човечки останки траела долго, затоа што голем број тела биле најдени врзани за седиштата, во поголем радиус, на крововите на куќите, во дворовите, шталите...
Што се случило?
Пилотот на британскиот авион, кога ја преминал австриската граница, стапил во контакт со контролорот за горната граница во хрватската контролна кула и соопштил дека летаат на височина од 33.000 стапки (околу 10 километри) и дека очекуваат да пристигнат во околината на Загреб во 10:14 часот.
Никој не претпоставил дека ова ќе биде последниот снимен разговор од летот.