Се прослави преку ноќ со серијата „Женкар“, негира дека е во врска со колешка: Факти за Мерт Рамазан Демир

Во 2020 година добил улога во серијата „Професор“ чие снимање завршило порано од предвиденото поради тоа што гледаноста била многу слаба.

Во оваа серија глумеше заедно со својата колешка Афра Сарачоглу, па иако снимањето заврши порано од предвиденото, сепак серијата му донесе среќа на Мерт, но и на Афра.

View this post on Instagram

A post shared by Mert Ramazan Demir (@mertramazandemir)

Како актерски пар беа забележани од познатиот продуцент Онур Ѓувенатам, па минатата година им ги понуди главните улоги во „Женкар“.

Серијата стана хит, а Мерт е еден од најпопуларните актери од помладата генерација.

Кога е во прашање љубовниот живот, го поврзуваа токму со неговата колешка Афра Сарачоглу.

View this post on Instagram

A post shared by Mert Ramazan Demir (@mertramazandemir)

Шпекулациите за нивната врска ги подгреа фактот дека Афра веднаш по почетокот на снимањето на серијата раскинала со долгогодишното момче.

Не е чудно што тие се предмет на бројни шпекулации бидејќи серијата „Женкар“ е вистински хит во Турција, но и во други земји, вклучувајќи ја и Македонија.

Иако минатото лето во јавноста излегоа фотографии на кои тие се бакнуваат, Мерт и Афра сепак ја демантираат нивната врска.

Мерт вели дека може да го привлече природна и автентична жена која се занимава со некоја физичка активност, исто како него.

Тој сака пливање, бокс, пинг-понг, кошарка и фудбал и доколку не станел актер, вели дека веројатно ќе бил професионален спортист.

Кога не работи, сака да спие долго или да гледа филмови по цел ден.

Омилени актери му се Даниел Деј-Луис и Леонардо ди Каприо, а ужива и во патувањата и фотографирањето.

Себеси се опишува како гурман, па покрај турската, сака и италијанска, француска и јапонска кујна, но за да има извајано тело, избегнува нездрава храна.

Целта му е да се развива како актер, па планира да биде уште попродуктивен.

https://www.instagram.com/p/CthSCgPsPiw/

„Имам многу соништа и треба уште многу да работам за да ги остварам. Морам да ги подготвам моите ум, тело и дух за нив.

Би сакал да глумам, но и да пишувам свои проекти за да сета креативност е во мои раце. Сакам животот да се расплетува сам, но ме возбудуваат нови чувства и искуства.

Среќен сум со страста што ја добивам од работата и животот и сакам да го живеам максимално затоа што има само еден. Да, јас сум чувствителен, но не сум меланхоличен“, вели Мерт Рамазан Демир.

В. К. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сама ги воспита, ги учела да не бидат мамини мази – Лидија Вукичевиќ е горда на синовите Кога станува збор за нејзините синови, не пропушта прилика а да не каже дека тие...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“ „Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg