Се прослави преку ноќ со серијата „Женкар“, негира дека е во врска со колешка: Факти за Мерт Рамазан Демир
- Детали
- сабота, 24 февруари 2024
Го поврзуваат со колешката од серијата „Женкар“, но тој упорно ги негира гласините. Посакал да стане актер додека ја читал „Хамлет“, а денес важи за еден од најдобрите во Турција. Факти за Мерт Рамазан Демир.
Младиот турски актер Мерт Рамазан Демир за кратко време успеа да ги симне од тронот Бурак Озчивит и Џан Јаман, актерите кои важеа за „најзгодни фраери“.
Мерт ниту самиот не бил свесен дека ќе доживее толкава слава. Вели дека за само шест дена по прикажување на серијата „Женкар“ стекнал голема популарност.
„Ова е толку чудно. После 6 дена играње на оваа улога и многу часови снимање, сите ме прашуваат дали Ферит и Мерт се истата личност.
Напротив, пред да започне овој проект, јас бев сосема друг човек. Но, кога почнав да ја играм улогата на Ферит, полека станав тој во текот на процесот“, вели актерот.
Роден е на 25 ноември 1998 година во Истанбул. Израснал во градот Шиле, како петто дете на трговец и домаќинка, а во актерството се заљубил на седумнаесет години.
Љубовта кон актерството дошла сосема случајно, кога ја читал „Хамлет“ и ги повторувал репликите. Во тој момент сфатил дека всушност актерството е она што го исполнува.
Студирал комуникација и посетувал часови по глума во училиштето на холивудската актерка и режисерка Мишел Данер.
„Во тоа време живеев со брат ми кој студираше во градот Денизли. Со искрена љубопитност и интерес ја читав 'Хамлет' и ги повторував репликите во собата.
Верувам дека тоа беше моментот кога сфатив дека јас сакам да бидам актер.
Врз развојот на мојата личност влијаеа моите родители, но во уметничка смисла се обидов да се изградам. Таа моја борба продолжува и денес“, открива Мерт.
Првата негова улога беше во 2008 година кога дебитираше во серијата „Споредни улици“, а потоа, во 2019 година, се најде во споредна улога во независниот филм I Am You, бегалска драма од авганистански режисер која беше номинирана за Златен глобус во категоријата најдобар странски филм.