Завршил градежен факултет, но ја избрал музиката - Факти за Ади Шоше, пејачот кој го споредуваат со нашиот Тоше
- Детали
- сабота, 17 февруари 2024
„Не можам да бидам новиот Тоше, но можам да бидам новиот Шоше“, вели еден од најпопуларните млади пејачи на Балканот во моментов - Ади Шоше.
31-годишниот Ади Шоше од Мостар со својот глас, симпатичен лик и убавите песни ги освои срцата на публиката.
Поради неговата боја на глас многумина го споредуваат и со Тоше Проески, кој и самиот го смета за музички пример.
„Многу е убаво кога те споредуваат со најдобриот пејач на Балканот. Нема да лажам, целиот мој пристап кон пеењето е многу сличен на Тоше, бидејќи тој ми е бескраен извор на инспирација.
Во една фаза од мојата кариера препознав еден проблем кај себе, а тоа беше дека почнав премногу да личам на него. Уште поголем проблем е што неговото пеење беше апсолутно совршено. Тој едноставно беше премногу магичен.
Затоа целосно го сменив пристапот кон музиката, сочував малку од неговата магија, но во суштина создадов некој свој печат, бидејќи не можам да бидам новиот Тоше, но можам да бидам новиот Шоше“, изјави тој за хрватскиот медиум DuList.
Завршил градежен факултет, бидејќи тоа завршиле и неговите родители. Бил премногу млад за да донесе конечна одлука со што ќе се занимава во иднина, па решил да ја продолжи семејната традиција.
Како што поминувало, времето сфатил дека не сака да биде инженер и целосно ѝ се посветил на музиката.
Целиот живот се занимавал со музика, иако на почетокот аматерски, сѐ додека не започнал да вежба пеење.
По неколку години настапи во мостарското рок училиште, во 2019 година се претставил во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“ во кое стигнал скоро до самиот крај.
По завршувањето на овој, натпревар станал дел од популарната група „Милиграм“.
Фронтменот на овој бенд, Александар Милиќ - Мили, кој воедно е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, ја информираше јавноста дека токму Ади е нивниот нов пејач.
После неколкугодишна соработка, Шоше одлучил да продолжи по својот пат, односно да започне соло кариера.
Ади е исто така познат по својата изведба на песната „Kuća puna naroda" од Здравко Чолиќ, за која многумина рекоа дека подобро звучи и од оригиналот.
И на својот Јутјуб канал споделува обработки од популарни евергрини.
Настапува низ целиот Балкан, а жените се најредовни на неговите настапи.
Некои од нив плачат на неговите концерти, а неретко се случува до него да долета и по некој градник.
@adisosee jos uvijek vjerujem u naaas❤️ #fyp #foryou #foryoupage #fypシ #balkan #music #fy
♬ original sound - Adi Sose
На Инстаграм го следат над 74 илјади следбеници, а тој секојдневно ги изненадува со споделување на свои секојдневни животни ситуации, видеозаписи, нови препеани песни, но и моменти за паметење.