Златан Ибрахимовиќ направи шоу на „Сан Ремо“: Му свиреа песна од Лепа Брена, делеше сликички со неговиот лик во публика
- Детали
- четврток, 08 февруари 2024
Ибрахимовиќ повторно покажа дека е крал на „Сан Ремо“ - се појави неочекувано од зад публиката и додека на присутните им делеше сликички со својот лик, оркестарот за негов мерак ја свиреше „Луда за тобом“ од Лепа Брена.
Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа зошто е еден од омилените спортисти во Италија. Легендата на италијанскиот фудбал, кој играше за Juventus, Inter и ја заврши кариерата во AC Milan, по три години повторно се врати на најпопуларниот италијански музички фестивал, на кој се избира и песна за Евровизија.
Фудбалерот на сцената се појави неочекувано и ги изненади гостите во публиката, но и оние што го гледаа телевизискиот пренос.
Златан стоеше скриен во задниот дел на салата, зад публиката, кога оркестарот почна да ја свири „Луда за тобом“ од Лепа Брена.
„Маестро доста! На знам дали ова го дозволил директорот на фестивалот, но доста е. Доста!“ - рече водителот Амадеус.
„А зошто да престане. Јас дозволив! Маестро музика“ - му одговара Златан.
Потоа, во свој стил, почна да се движи во ритамот на музиката, па почна и да им дели сликички со својот лик на гостите во публиката.
Видеото од уникатниот влез на Ибрахимовиќ се споделува и на социјалните мрежи.
„Кога ќе си нарачаш песна во Италијанска Скала како да си во кафеана во Шумадија“, стои на едно од видеата објавени на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/C3DvDvptK8J/
Коментарите се дека Златан повторно воодушевил, а воодушевена беше и Брена, која објави Стори на својот Инстаграм.
„Маестро Златан“, напиша таа.
Целото видео погледнете го ТУКА.
А. Ј. | Црнобело