Го нарекуваат турскиот Џорџ Клуни, бил алкохоличар: Факти за актерот Еркан Петекаја
- Детали
- сабота, 03 февруари 2024
„Ѝ реков на жена ми: 'Снимaj ме кога ќе се вратам дома пијан'. Една вечер, кога повторно дојдов дома во лошо расположение и го гледав видеото што го сними мојата сопруга, решив да се лекувам“, изјави актерот Еркан Петекаја за проблемите со алкохолизмот.
Mакедонската публика го запозна како Али, капетанот од серијата „Бурни времиња“. Го гледавме и во турските популарни серии „Како минува времето“, „Дила“, „Животот на еден странец“ и „Игра на судбината“.
Медиумите и фановите во Турција, пак, му го дадоа епитетот турскиот Џорџ Клуни.
Иако речиси секогаш е на врвот на листата најдобри актери, Еркан Петекаја за себе вели дека секогаш има простор за подобрување, па кога слободното време му дозволува, тој посетува драмски работилници и се усовршува.
Иако се чини дека отсекогаш стремел кон големата слава и успех во кои ужива денес, актерот поминал низ многу тешки моменти.
Еркан Петекаја е роден во 1970 година во Елазиг. Кон крајот на средното училиште се заљубил во театарот и решил да се запише на глума и станал постојан актер во државните театри од 1993 година.
Кариерата ја продолжил снимајќи серии преку кои доживеа голема слава.
Освен што е вљубеник во актерството, негова втора љубов е музиката. Еркан ужива во рок музика, а открива и дека е одличен на тапани.
„Во душата сум закоравен рокер. Никогаш не сум бил добар во свирење гитара, но јас сум одличен на тапани.
Штедев долго време за да можам да купам тапани и сега кога ги имам, немам време да свирам. Во мојата куќа собираат прашина“, изјави актерот во една пригода.
Актерот имал и сериозен проблем со алкохолизам.
Еркан јавно проговори дека во еден момент имал проблем со алкохолот, а од овој порок успеала да го извлече неговата сопруга Дидем Петекаја.
„Ѝ реков на жена ми: 'Снимaj ме кога ќе се вратам дома пијан'. Една вечер, кога повторно дојдов дома во лошо расположение и го гледав видеото што го сними мојата сопруга, решив да се лекувам“, има изјавено тој.
Петекаја отишол во Русија за да се ослободи од неговиот порок, а за турските медиуми зборуваше за процесот на лекување и неговите последици.
„Ми го изгореа мозокот. Докторот ми даде инјекција и ми рече: 'По оваа инјекција ќе спиеш 24 часа и никогаш повеќе нема да сакаш да пиеш'. Реков: 'Затоа дојдов“.
Всушност, спиев 24 часа по инјекцијата и не сакав никаков пијалак откако се разбудив. Не знаев како да се справам со стресот. Тоа беше младешка глупост. Утеха најдов во алкохолот“.
Откако во 2004 година се оствари во улога на татко и го доби синот Џем Џан, тој ветил дека никогаш повеќе нема да му се случи таква епизода.
За сопругата Дидем, пак, вели дека му го променила животот.
Дидем со текот на годините морала да научи да живее со неговите опсесивни обожаватели.
Еркан призна дека имале расправии и кризи во бракот поради обожавателки, а сопругата била особено лута кога почнале да пристигнуваат љубовни писма на нивна адреса.