Вирално видео: Свештеник во Црна Гора го фрли крстот, па скокна во езерото
- Детали
- петок, 19 јануари 2024
Свештеник од Црна Гора стана вистински хит во регионот, откако на Твитер почна да се споделува видео на кое тој го фрла крстот за Водици, а потоа и самиот скока во езерото.
На Твитер е објавено видео кое има преку 22.000 прегледи за неколку часа, а на него се гледа како свештеник стои во чамец во езеро, кажува молитва и го фрла крстот за Водици.
Во моментот кога еден од мажите го фаќа крстот, свештеникот ѝ мафта на камерата и сосе облека скока во водата.
Црногорските медиуми пренесоа дека настанот се случил во Плужина, а мажите скокале во Пивско Езеро.
Погледнете го видеото:
?Бог се јави!
— Ледени Гале (@LedeniG) January 19, 2024
Ако неко зна у ком месту се ово догодило, нека јави. pic.twitter.com/gVikyMD4bO
А. Ј. | Црнобело