Едвај преживеал кога имал 14 години, пред Богдана го поврзуваа со старлети – Факти за Вељко Ражнатовиќ
Вељко завршил средно во двојазичното училиште British International School во Белград, потоа во 2015-та година се запишал а Факултетот за економија и менаџмент во Бања Лука.
Како тинејџер бил дел од навивачка група, па имал голем број проблеми со законот и често учествувал во инциденти во и надвор од спортските терени.
Исто така, често влегувал во конфликти со обезбедувањето во клубовите низ Белград.
Но, на овој период му дошол крајот откако се запишал на факултет и одлучил да тренира бокс. Тој во една пригода призна дека се одлучил за овој спорт затоа што „сака да се тепа“, но дека долго време му недостасувала одлучност да се откаже од многу работи што му причинувале задоволство.
Со оглед на тоа што израсна во фокусот на јавноста, уште во најраната младост Вељко стекна статус на голем заводник, па често беше во врска со голем број познати девојки.
Првата негова девојка за која медиумите дознаа беше Луна Џогани, ќерката на Гаги Џогани и Анабела Атијас. Луна тврдеше дека додека биле во врска, Цеца многу ѝ помогнала додека нејзините родители се разведувале, но фолк-пејачката ги демантираше овие тврдења.
По ова следуваше врската со Маша Терзиќ, ќерката на Звездан Терзиќ, генералниот секретар на ФК Црвена Ѕвезда.
Вељко и Маша беа заедно 3 години, и тоа во исто време додека сестра му Анастасија беше во врска со братот на неговата девојка, Костадин.
Врската на Вељко и Маша беше бурна. Тие неколкупати се смируваа и раскинуваа, а во еден период дури беа и свршени.
По едно од раскинувањата со Маша, Вељко беше во врска со Ана Цакиќ, денес позната како Ана Рајковиќ. Но, таа врска не траеше долго, бидејќи Вељко набрзо потоа пак се смири со Маша.
По раскинувањето со Маша, Вељко го поврзуваа и со старлетите Сораја Вуќелиќ и Наташа Шавија, но на овој бурен период му дојде крај кога ја запозна поранешната кошаркарка Богдана Родиќ која ја запроси во март 2018-та година.
Вељко и Богдана се венчаа во 2019-та година, а таа на свадбата ја носеше венчаницата што Цеца ја носеше на свадбата со Аркан.
Во една пригода, неговата сестра Анастасија откри дека таа е виновна што тој конечно ја сретнал жената со која се оженил затоа што таа ги запознала. Таа ѝ пришла на Богдана на Копаоник и ѝ рекла:
„Јас мислам дека ти се супер девојка за брат ми. Тој е луд и мора да се смири, а ти си вистинската девојка за него“.
Наводно, по ова Богдана првиот пат го одбила Вељко, заради што тој станал само поупорен во освојувањето.
Б. С. Б. | Црнобело