Едвај преживеал кога имал 14 години, пред Богдана го поврзуваа со старлети – Факти за Вељко Ражнатовиќ
- Детали
- недела, 21 јануари 2024
Пред да стапи во брак со Богдана, го поврзуваа со голем број познати белграѓанки, но и старлети како Сораја и Шавија. Денес живее мирен живот, но во минатото ги полнеше рубриките за црна хроника со своите тепачки. Колку се сеќавате на скандалите на Вељко Ражнатовиќ?
Кога ќе се спомне името на Вељко Ражнатовиќ, веднаш се знае дека станува збор за синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан и фолк дивата Цеца.
Денес Вељко живее мирен живот со сопругата Богдана и децата, но во минатото многумина се сеќаваат дека неговото име често се среќаваше во рубриките за црна хроника заради честите тепачки во кои учествуваше.
Вељко е роден во 1996-та година во Белград и има 3 полубраќа и 3 полусестри од претходните врски на татко му, а Анастасија му е единствената целосна биолошка сестра.
Тој во една пригода откри дека бил премногу мал кога татко му починал и дека воопшто не се сеќава на него, но во негова чест на раката има тетоважа од тигар, кој беше заштитен знак на воените единици на кои Аркан беше командант.
На возраст од само 14 години, синот на Цеца имал страшна сообраќајна несреќа на Кипар и самиот вели дека е вистинско чудо што останал жив. Тој и неговиот кум паднале од мотоцикл, а него во главата го удрил Land Rover и имал сериозен рез на само 2 милиметри од главната вена.
Првите шест месеци од средното образование не можел воопшто да ја движи раката, а имал околу 80 метални спојувалки на рамото.