„За малку ќе влезевме во новата година без око“ – Марија Шерифовиќ се огласи по инцидентот на нејзиниот новогодишен концерт

„Во 2024 влеговме за малку без око, со малку запалена опрема од петардите, еден отворен прелом, но ништо нема да не скрши“ – Марија Шерифовиќ сподели фотографија од членот на нејзиниот бенд кој се здобил со скршеница на раката по новогодишниот концерт во Зеница, каде имаше инцидент.

za-malku-kje-vlezevme-vo-novata-godina-bez-oko-marija-sherifovikj-se-oglasi-po-incidentot-na-nejziniot-novogodishen-koncert-01.jpg

Само една недела откако се врати од САД со синот Марио, Марија Шерифовиќ имаше концерт во Зеница.

За новогодишната ноќ, Марија пееше пред големиот број обожаватели, но за жал, нејзиниот прв концерт откако стана мајка, помина неславно.

Иако на концертот имаше и јавно запросување, сепак тој беше прекинат предвреме, откако некои присутни во публиката упорно фрлале петарди и пиротехнички материјали на бината.

Таа неколкупати упатуваше јавни апели до присутните да престанат да фрлаат петарди на бината, и откако пиротехничките материјали и понатаму продолжиле да летаат кон неа и музичарите, пејачката на големо разочарување на фановите, морала да го прекине концертот 15 минути порано.

Марија објави фотографија на која е заедно со музичарот кој за време на концертот ја скршил раката, па до неа напиша:

„Во 2024 влеговме за малку без око, со малку запалена опрема од петардите, еден отворен прелом, но ништо нема да нè скрши“.

za-malku-kje-vlezevme-vo-novata-godina-bez-oko-marija-sherifovikj-se-oglasi-po-incidentot-na-nejziniot-novogodishen-koncert-03.jpg

Сепак таа им се обрати и на своите верни обожаватели кои биле до крај со неа и ја поддржале.

„Епа еве ме и мене во оваа 2024-та година, мртва уморна. Сакам да се знае дека без разлика на некои чудни околности и помалку ненормалните луѓе, мене во Зеница сепак ми беше убаво. Ви благодарам на сите што дојдовте, се гледаме повторно некаде, некогаш“ – порача таа.

za-malku-kje-vlezevme-vo-novata-godina-bez-oko-marija-sherifovikj-se-oglasi-po-incidentot-na-nejziniot-novogodishen-koncert-02.jpg

Инаку, пејачката претходно објави нова фотка со рачето на синот Марио, па откри дека во 2023-та година е најблагодарна за малите рачиња.

„Бог навистина гледа сè и верувајте ми дека секој од нас ќе го добие тоа што го заслужува. Дури сега, кога имам 39 години можам себеси да си речам дека срцето и душата ми се спокојни, затоа што конечно сè е на своето место“ – напиша таа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Марија Шерифовиќ објави песна посветена на синот Марио: „Ја пишував додека сонував за него“ Само неколку дена откако стана мајка, Марија Шерифовиќ ја објави првата песна шт...
Татко ѝ е милионер, студирала глума – Која е Марија Балабан, девојката на Раста? „Има милиони, но сепак е скромна. Долго чекав да запознаам жена која е сосема по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg