Тврди дека алкохолот го користи за стерилизација, на бившиот му го изгреба автомобилот – Сите скандали на Ана Николиќ
Возеше по зелените површини, па се правдаше пред полицајците
Екипите на емисијата „Папарацо лов“ ја снимија Aна во моментот кога дивееше низ улиците на Белград и возеше по зелените површини.
Ана направи неколку прекршоци тој ден, а наводно кога полицајците ја стопирала, таа рекла дека толку многу брзала што не забележала дека вози во тревникот.
Освен тоа, Ана удри и неколку автомобили, а се правдаше дека била под стрес.
Се правдаше дека носи алкохол за да се мие
Освен што е позната по скандалозните однесувања Ана е позната и по тоа што дава и смешни изјави. Така, во една пригода се обиде да објасни зошто со себе секогаш носи шише алкохол.
„Одев на некое снимање во Медина боса во шест часот наутро. Тоа беше толку валкано, што на крајот морав да се снајдам и да се исчистам.
Морав да ги стерлизирам нозете со вотка. После ќе речат: ‘Ана пие', па не пијам, само си ги стерилизирам нозете... Што да правам...“ – изјави Ана.
Му го изгреба автомобилот на Раста вреден 100.000 евра
Ана во една пригода призна дека на бившиот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста му го изгребала автомобилот вреден 100.000 евра, само затоа што не ѝ одговарал на пораките и повиците.
„Кон Раста имав милост. Нему не му ја удрив колата, но во пижами среде ноќ дојдов со такси пред неговата зграда.
Не се сеќавам дали бевме во врска или бевме тазе венчани. Нешто од тие две.
Во главно многу ме изнервира затоа што не сакаше да се јави на телефон. Зедов клуч и му го изгребав цел автомобил, му направив штета од неколку илјади евра“ – се слуша во еден видео запис што масовно се ширеше на социјалните мрежи.
Си ја уништи кожата со пороците
Ана беше во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појави видеоснимка на која се гледаа дупки на нејзиното лице.
Наводно, овие проблеми со кожата настанале откако таа пиела алкохол по третмани на лицето, па добила реакција.
Имаше и коментари дека пејачката мешала лекови и алкохол, но таа ги демантираше таквите пишувања и бараше помош за да ги реши проблемите на лицето.
Прочитајте и Скандал и конфликт со Милица Павловиќ, познат криминалец ѝ ја финансирал кариерата – Факти за Ана Николиќ
Б. С. Б. | Црнобело