Најпопуларната српска инфлуенсерка објави секси роденденски фотографии: „Никогаш не сум изгледала подобро“
- Детали
- сабота, 09 декември 2023
Најпопуларната српска инфлуенсерка наполни 34 години и ги воодушеви фановите со роденденската фотосесија - тие ја споредија со шведската пејачка Лорин.
Дуња Јованиќ е една од најпопуларните српски инфлуенсерки, но и претприемач кој има своја колекција, BÉBÉ By Dunja.
Таа на Инстаграм има скоро 370.000 следбеници и со нив сподели неколку црнобели провокативни фотки со кои го одбележа својот роденден.
„Ми требаа 34 години за да изгледам волку добро“, напиша таа.
На фотографиите, Дуња е во црна долна облека, со проѕирни црни ракавици над лактот и впечатливи салонки.
Фановите се воодушевени од нејзината фотосесија, па неколкумина ја споредија со шведската пејачка Лорин.
Дуња често нагласува дека ѝ е важен природниот изглед и дека е против користењето филтри на социјалните мрежи, затоа што тоа носи психички нарушувања.
Пред околу една година таа на својот Инстаграм профил сподели и видео, „Ова сум јас“, на кое прикажува како изгледа без филтри и шминка и отворено зборуваше за природниот изглед.
А. Ј. | Црнобело